Покрај специфичниот мирис и вкус кои ги имаат сирењата направени од козјо млеко, тие се разликуваат од кравјите сирења уште и по текстурата и концентрацијата на масни киселини. Но видовите на сирење кои можат да се направат од козјо млеко се разликуваат од кравјите.
Овците и козите се веројатно првите видови на стока кои биле припитомени, а историчарите веруваат дека причина за тоа била можноста нивното млеко да прави сирење . Сирењето започнало да се прави можеби 6500 години пред новата ера.

Сирењето од козјо млеко денес може да се најде ширум светот. И покрај тоа, употребата на кравјо млеко е многу поголема од козјото. Причината за тоа пред лежи во фактот дека кравјото млеко е многу подостапно од козјото. Можете да го купите во сите продавници и супермаркети, а и цената му е пониска од козјото.
Структура и квалитет
Во секој случај козјото сирење има во целост поинаков вкус и мирис од кравјото сирење. Пред се се разликуваат во различниот хемиски состав кој го имаат овие млека. Козјото млеко има многу поголема концентрација на поедини масни киселини но помалку протеини од кравјото. Колку што е поголема концентрацијата на масни киселини толку козјото сирење е појако и има специфичен вкус, а помата концентрација на протеини во млекото му дава мазна и кремаста структура на сирењето. Без големи количини на протеини во млекото, козјото сирење има поинаква структура од кравјото. Работата е во тоа е што структурата на козјото млеко не е доволно конзистентна и флексибилна во одонос на кравјото млеко. Затоа не можете толку често да видете моцарела која е направена од козјо млеко бидејќи таа многу брзо би се распаднала.

Меѓутоа, тоа што козјото сирење не е доволно јако не значи дека е со помал квалитет, едноставно е поразлично.
Козјото млеко е погодно за правење на помеки сирења
Токму таа силна и кремаста структура го прави погодно за правење на меки сирења и јогурти. Дури и оние најтврдите козји сирења никогаш не можат да бидат доволно тврди, колку долго и да стојат, како што е на пример пармезанот кој се прави од кравјо млеко. Напротив, кога стои долго козјото сирење со текот на времето омекнува.

Иако некои сирења традиционално се прават од некои други видови млеко, козјото млеко може да биде добра замена. Да речеме фета сирењето традиционално се прави од овчко млеко, но и кога ќе се направи од козјо млеко има одличен вкус. Исто така, француското сирење „бри“ кое се прави од кравјо млеко, може да се направи и од козјо млеко. Дури и полумеките сирења како што е гаудада можат да бидат направени од козјо сирење кое ќе им даде одлична кремаста структура.
Во секој случај доколу сте љубители на кравјо, овчо козјо сирење, сигурно е дека речиси никој не може да замисли оброк без сирење на трпезата.
Извор: Agro Media
