Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска оствари WeBex средба со државниот министер за економска дипломатија на Обединетите Арапски Емирати Ahmed Al-Sayegh, на која беше потенцирана одличната политичка соработка меѓу двете пријателски земји и големиот потенцијал за унапредување на економската соработка, со посебен акцент на производството на храна и унапредување на трговската размена со земјоделско – прехранбени производи.

Министерот Хоџа ги презентираше компаративните предности за земјоделско производство на нашата земја и можностите кои се нудат за заинтересираните компании на ОАЕ присутни на европскиот и пазарите во регионот.
Од своја страна, министерот Al-Sayegh изрази голем интерес за нашата култура и традиција а особено за македонските земјоделски производи со препознатлив квалитет.
На средбата беше договорена рамка за соработка, на која ќе работат технички тимови од двете земји, со поддршка на амбасадорот на РСМ во ОАЕ Абдулкадар Мемеди, земајќи ја предвид стратегијата за обезбедување храна на ОАЕ, кој е еден од најважните пазари на Блискиот исток за пласман на земјоделски производи од Република Северна Македонија.
