Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вакцинирајте ги милениците, тие не се забава, туку обврска и одговорност, порачува АХВ по повод Светскиот ден против беснило
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Вакцинирајте ги милениците, тие не се забава, туку обврска и одговорност, порачува АХВ по повод Светскиот ден против беснило
Агровест

Вакцинирајте ги милениците, тие не се забава, туку обврска и одговорност, порачува АХВ по повод Светскиот ден против беснило

Објавено 28/09/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одговорно чувајте ги милениците. Нивното одгледување не е и не смее да биде само мода или забава. Вакцинирајте ги кучињата и мачките и против беснило, така ќе го заштитите нивното, но и сопственото здравје. Вакцинацијата против беснило и обележувањето на милениците со микрочип се законска обврска. Тоа носи и обврски и одговорност, што значи дека сме одговорни и кон личното и кон здравјето на најблиските, но и кон општеството во целина.

Ова е пораката од денешната тркалезна маса по повод 28 септември, Светскиот ден за борба против беснило, што ја организираа Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Ветеринарната комора.

Како што беше речено, треба да се работи уште многу на подигање на свеста на сопствениците во однос на нивната одговорност кон милениците. Сите домачни кучиња и мачиња што се идентификуваат со микрочип, воедно и се вакцинираат, но задолжително е да се вакцинираат секоја година, не само еднаш со микрочипирањето. Исто така, задолжителна е и ревакцинацијата.

Мотото со кое АХВ се вклучува во глобалната кампања по повод Светскиот ден е „Нула смртни случаи од беснило до 2030“. Камапањата, пак, става фокус на вакцинацијата и соработката, основи на кои АХВ веќе ги реализира активностите против болеста која е еднакво опасна и за животните и за човекот.

-Со Ветеринарната комора и науката, од денешниов настан ја испраќаме пораката дека целта – нула смртни случаи од беснило до 2030-та може, мора и ќе ја постигнеме заедно. Позитивната епидемиолошка состојба со болеста кај домашните и кај дивите животни е резултат на континуираните активности кои ги преземаме како држава и како институција за држење под контрола на болеста чие присуство последен пат кај домашните животни во земјава е евидентирано во 2012 година во Радовиш, кога од ова болест беше заболена мачка. Истата година е евидентиран и последниот случај на заболено диво животно, волк во Кочанско, изјави заменик-директорот на АХВ, Фирус Мемед.

Според претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски, беснилото е опасна и смртносносна заразна болест која може многу лесно да се превенира со вакцинација.

-Бележиме значаен исчекор со оглед дека пред две години е направена масовна идентификација и регистрација на домашните миленици како предуслов за успешна вакцинација. Но, треба уште многу да се делува на свеста на сопствениците на миленици, да се подигне нивната одговорност од аспект на благостсојбата и здравствената затита на живиотните каде клучна е вакцинацијата против беснило, истакна Николовски.

Податоците од АХВ велат дека последниот случај на заболен човек од беснило кај нас е евидентиран во седумдесетите години.

Во земјава се регистрирани 84.949 домашни миленици од кои најмногу кучиња, 81.116.

-Во 2015 година во системот беше идентификувано и регистрирано само едно куче што е доволна потврда за постигнатиот напредок. Кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците почна во септември 2018 година и се реализира заклучно со декември 2019 година. За неа беа набавени 100 илјади микрочипови. Кампањата даде исклучително позитивни резултати. Од 4.808 миленици во 2017 година, на крајот од 2019 година се достигна бројка од 48.380. Во соработка со Ветеринарната комора, во претстојниов период ќе ги интензивираме активностите за микрочипирање и вакцинација против беснило на кучињата во руралните средини, особено онаму каде оваа категорија животни се ангажирани во селските стопанства како чувари, пред се на стадата со добиток, истакнаа од АХВ.

Се разгледува и можноста од идната година идентификацијата и регистрацијата, како и спроведените мерки за здравствена заштита и на кучињата во руралните средини, да биде еден од условите за остварување на правото на субвенции.

АХВ одобри 15 прифатилишта за бездомни животни, а едно е во процедура на одобрување. На едно прифатилиште му е одземена дозволата за работа во 2019 година, а за уште едно годинава во тек е постапка за одземање на одобрувањето.

Од 2012 година со финансиска поддршка од ЕУ, АХВ заклучно со лани реализираше кампањи за вакцинација на дивата популација – лисиците против беснило. По секоја кампања се спроведуваше мониторинг. 

MИА

Може да ви се допадне

АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Уапсена сопственичка на говеда во Кривопаланечко, повторно спречувала службеници на АХВ
АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
Таг:ахввакцинацијаДомашни миленициСветскиот ден против беснило
Претходен напис Земјоделци: Годинава пиперките не сакавме да ги дадеме за извоз, домашните преработувачи ни понудија добра цена од 22 денари
Следен напис Министерот за земјоделство, оствари WeBex средба со државниот министер за економска дипломатија на Обединетите Арапски Емирати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?