Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промоција на правилниците за продажба на земјоделски производи од самите производители
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промоција на правилниците за продажба на земјоделски производи од самите производители
Агровести

Промоција на правилниците за продажба на земјоделски производи од самите производители

Објавено 24/09/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Тетово денеска пред земјоделците беа промовирани два правилници за индивидуалните земјоделци кои продаваат преработки од нивните производи меѓу луѓето познати како правилници за продажба на земјоделски производи од „куќен праг”. Со овие правилници се опфатени начините на продажба на преработки на сите земјоделски производи, млечни производи, месо риба, дивеч, живина како и производи од растително потекло.

-Со ова им се овозможува на земјоделците во минимални услови да се регистрираат и да ги произведуваат овие производи и да ги пласираат на зелените пазари, во локалните маркети, во локална туристичка понуда што е еден значаен сегмент за развој на локалната комуна. Надлежна за спроведување на овие два правилници е Агенцијата за храна и ветеринарство. А Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството им укажува односно ги едуцира земјоделците како на најлесен начин да ги исполнат условите кои се предвидени во овие два правилници, изјави Борче Петковски, заменик-директор во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

Според информациите на Петковски во полошко има најмногу регистрирани примарни производители на мед.

-Ценам дека за и други производи ќе им биде лесно да се регистрираат, бидејќи не е ништо посебно од она се работи во нормалните домашни услови. Овде е карактеристично шарско сирење, кое го произведува секој сточар. Кога ќе биде регистрирано како примарен производител на храна со минимални услови за кои сум сигурен дека и во моментот ги има за да направи добар производ, неговите производи тогаш ќе можат да завршат во маркетите. Денес и во рестораните имаме такви сирења, меѓутоа за жал е нелегално и секој ресторан е во опасност од големи казни, а вака се овозможува нивното сирење по повисока цена да заврши во рестораните и да биде исконтролирано од АХВ. Оптимист сум дека оваа работа брзо ќе се реализира затоа што секој индивидуален производител којшто произведува каков било производ било тоа сирење, мед, риба, туршија, ајвар, лутеница и или било какви сокови за да направи добар производ мора да има и во момент добро услови, рече Петковски.

Минималните услови се да има одредена просторија каде ќе се прави целата работа на традиционален домашен начин на производство.

-Баш онака како што го прават сите во домаќинството, не зборуваме за технологија, бидејќи тоа не е традиционален начин на производство. Зборуваме за традиционален начин најобична просторија. За жал непочитувањето на прописите, стана одмаќинета работа. Сега сите продаваат сирење, кај ќе стигнат, некакви други земјоделски производи каде ќе стигнат и го сметаат дека е нормално, но напротив е спротивно на законот, и ние ќе мора да се приспособуваме кон новите правила. Сите да влеземе во системот на безбедност на храна што го контролира Агенцијата за храна и ветеринарство, објасни Петковски.

Милена Синанадиновска од Доброште присутна на промоцијата и производител на домашна храна потенцира дека овие правилници овозможуваат поголем пласман.

-Вратите сега отворени на пазарот тука и надвор од државата, истакна Синадиновска која произведува сирење, ајвар и џемови од сопственото земјоделско производство.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:апрзБорче Петковскикуќен прагправилницитетово
Претходен напис Почнува постапката за окрупнување на земјоделското земјиште во општина Чешиново-Облешево
Следен напис Ако досега не сте имале навика да користите ШИПКА – прочитајте и ќе се предомислите!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?