Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како да одгледувате печурки на талог од кафе?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Како да одгледувате печурки на талог од кафе?
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВООрганско производствоСовети

Како да одгледувате печурки на талог од кафе?

Објавено 24/09/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Талогот од кафе, што обично претставува отпад, може да биде и многу корисен, особено за оние кои сакаат да се занимаваат со алтернативно одгледување на растенија или печурки.

Покрај класичното производство, многу видови  на печурки, во кои спаѓа и буковката, може да се одгледуваат на  слама или на талог од кафе.

Според Modernfarmer, потребна ви е ситно исечкана слама, материјал за инокулација (спори, мицелиум) што се купува од специјализирани или локални производители, но исто така и  талог од свежо кафе, алкохол (најмалку 70 %), садови за готвење, пластична кеса или друг вид на сад, кујнска вага и цедалка.

Смесата треба да содржи околу 70 % талог од кафе, 20 % слама и 10 % спори (мицелиум). Потребни се 2,3 кг кафе, 0,23 кг мицелиум и околу половина килограм слама за да може да се  произведе количина доволно за четиричлено семејство.

Важно е да дезинфицирате сè во текот на целата постапка за да спречите ширење на несакани бактерии, а тоа ќе го постигнете со веќе споменатиот алкохол.

Промешајте ја смесата

Пред да ги измешате сите состојки, добро е да ја пастеризирате сламата. Потопете ја во врела вода и оставете ја да отстои околу еден час. Потоа процедете ја за да го исфрлите вишок на вода.

Талогот од кафе додека е сè уште свеж, истурете го во чиста чинија за мешање и додајте ја сламата. После тоа, ставете го мицелиумот во неа и измешајте сè. Ставете ја смесата во вреќа или сандук наменет за одгледување и цврсто затворете ја, а потоа направете четири дупки за воздух.

Топло и темно место

Ставете ја вреќата на топло и темно место, на температура од околу 25 ° С. Чувајте ја таму околу две до три недели. За тоа време, ќе забележите како мицелиумот оживува и расте од смесата, правејќи ја постепено бела, сè додека не ја колонизира целосно.

Можете да ставите малку сол која би требало да ги уништи несаканите микроорганизми и да овозможи понатамошен развој на мицелиумот.

Ако целата смеса во садот (вреќата) стане зелена, тогаш, за жал, вашиот обид не успеал.

Обезбедете влага

Ставете ја вреќата или сандукот на место каде што има многу свеж воздух, но и индиректна сончева светлина. Треба да ја прскате вреќата со малку вода секој ден, наутро и навечер.По една недела или повеќе, ќе забележите дека мали печурки почнуваат да растат. Во следните пет до седум дена, тие ќе се удвојат. Секој ден ќе бидат сè поголеми и помеки, и како такви ќе бидар спремни  за јадење.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:буковкаодгледување на печуркипечуркиТалог од кафе
Претходен напис Совети од стручњаците: Колку долго може да се чува лукот?
Следен напис Среде Скопје Атиџе се онесвестила од глад
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?