Лукот е намирница која се наоѓа скоро во секое домаќинство и многу често се користи во исхраната, без разлика на сезоната или годишното време. Меѓутоа, многумина не знаат колку долго можат да го чуваат лукот, а да не се расипе и како да се чува за да го продолжите неговиот рок на траење.

Одговорите на овие прашања ги дава Wen-Jay Ying, стручњак за храна.
Прво е важно да се знае дека лукот кој го купувате во продавница е исушен , што значи дека при сушењето се создала бариера која го штити од оштетувања и влага, пишува Мбг.
– „Сувиот лук може да трае пет до шест месеци ако правилно се чува“, појаснува.
Благодарение на лушпата, лукот може сам да се одржува и да ја чува својата внатрешноста па најдобро е да така го оставите ако сакате да потрае.
-„Најдобар начин за чување на лукот е да го чувате цел, без лупење или одвојување на чешнињата. Кога ќе го одвоите чешнето од остатокот од главицата, се намалува рокот на траење, а кога ќе го излупите, значително го намалувате рокот на само неколку дена“ , тврди Ying.

Влагата е непријател на лукот, додава таа, велејќи дека тој треба да се чува на суво и ладно место.
– „Лукот го чувам во делот од фрижидерот каде што има помалку влага. Ако видам кондензација во фрижидерот, задолжително го бришам со крпа“, открива Ying.
Како и другиот зеленчук, лукот можете да го чувате и во замрзнувач за да му го продолжите векот на траење.
Многумина се прашуваат, како да се препознае дали лукот веќе се расипал? Постојат неколку знаци кои покажуваат дека му поминал рокот на траење. Темните дамки и промената на бојата се едни од нив, а исто така и меките делови и тенки никулци од главицата.
Извор: klix
