Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повеќе од 560 големи светски компании бараат итни мерки за заштита на природата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повеќе од 560 големи светски компании бараат итни мерки за заштита на природата
Агровести

Повеќе од 560 големи светски компании бараат итни мерки за заштита на природата

Објавено 21/09/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Група големи глобални компании денеска ги повикаа владите ширум светот итно да усвојат мерки за запирање на забрзаното уништување на природата и климатските промени и со тоа да се постават рамки за нивната „позелена“ деловна активност, пренесува Хина.

Повеќе од 560 компании, вклучувајќи ги Валмарт, Ситигруп, Мајкрософт, ИКЕА, Унилевер и АХА потпишаа заедничко соопштение со кое повикуваат на преземање конкретни мерки во следните десет години.

Британскиите медиуми појаснуваат дека нивните приходи заедно надминуваат 4.000 милијарди долари.

Компаниите во соопштението велат дека многу од нив веќе преземаат чекори да го направат својот бизнис „позелен“ и владите треба да создадат мерки што ќе им овозможат да сторат уште повеќе.

„Здравите општества, еластичните економии и успешните компании се базираат на природата. Владите не смеат да се двоумат ни за момент, туку мора веднаш да усвојат мерки за промена на трендот на уништување на природата во оваа деценија“, се наведува во соопштението на компаниите .

Апелот е упатен во пресрет на самитот на Обединетите нации за биодиверзитет, на кој на 30 септември во Њујорк треба да се подготви теренот за нов глобален пакт за заштита на природата од заканите, како што се страшните пожари во Амазон и Калифорнија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:заштита на природатаклиматски променикомпанииод светотпозелена деловна активност
Претходен напис Опасност при берба на овошјето: Што треба да се направи при убод од оси, пчели и стршлени и како да се избегнат?
Следен напис Одговорно однесување со коњите и спречување на нивната злоупотреба – почнува кампањата на АХВ за подигање на јавната свест
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?