Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Совети за успешен почеток на производство на шампињони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Совети за успешен почеток на производство на шампињони
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОСовети

Совети за успешен почеток на производство на шампињони

Објавено 18/09/2020
Сподели
9 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За да можеме да започнеме со производство на печурки – шампињони, потребна ни е соодветна просторија. Да претпоставиме дека имаме просторија за печурки чија должина е 15 метри, ширина 6,4 метри и висина 3,5 метри. На крајот на краиштата, може да се изгради таква просторија.

Даваме детален опис за тоа како да започнете со производство на шампињони во гајби како многу добар избор, иако во последно време шампињоните се повеќе се одгледуваат во ПВЦ вреќи. Пред сè, нè интересира како и колку гајби можеме да поставиме во просторијата, и од тоа веднаш ќе видиме колкава ќе биде површината за одгледување. Па, да почнеме по ред!

Пресметување на бројот на гајби што можат да се постават во просторијата за одгледување на шампињони

Да ги повториме димензиите на просторијата уште еднаш: таа е долга 15 метри, широка 6,4 метри и висока 3,5 метри.

Димензиите на сандуците се: должина 1 метар, ширина 0,5метри и висина 0,4 метри. Сандуците ќе бидат поставени така што нивната должина ќе биде насочена кон надолжната страна на просторијата, а ширината кон попречната страна на просторијата. Ходниците за премин помеѓу сандуците се широки 1 метар, а ходниците помеѓу попречните ѕидови се широки 0,7 метри. Ходниците по ѕидовите во ширина на просторијата (на почетокот и на крајот од просторијата) се 1 метар.

Сега кога знаеме сè за просторијата и растојанието помеѓу сандуците и ходниците, можеме лесно да ги распоредиме кутиите. Рековме дека должината на просторијата е 15 метри, и дека на почетокот и на крајот од таа просторија има коридор од 1 метар (вкупно 2 метри), што значи дека ќе можеме да сместиме 13 кутии со должина од 1 метар. Ширината на просторијата е 6,4 метри, а на сандуците 0,5 метри. Ако покрај sидовите по должината на просторијата оставиме два премини од 0,7 метри, што е вкупно 1,4 метри, тогаш  тоа се 6 кутии со ширина од 0,5 метри, вкупно 3 метри. Помеѓу овие двојни редови има уште два коридори од по 1 метар, што е вкупно 2 метри.

Ако сето ова го собереме , ќе го добиеме следното:

За два ходници по 0,7 метри1,4 м
За шест сандуци по 0,7 метри3,0 м
За два ходници по 1,0 метри2,0 м
Вкупно:
По ширина(колку што е нашата просторија)
6,4 м

За поставување на сандуците во висина важи следното:

За потпорите(тули) под сандуците ќе земеме0,2 м
За 4 сандуци со ногарки 0,4 м1,6 м
За еден ред сандуци без ногарки0,2 м
Вкупно:2,0 м

Вкупната висина на просторијата е 3,5 метри, што значи дека ќе остане уште еден метар и половина до таванот, така што ќе има доволно воздух во просторијата.

Уште еднаш ќе повториме колку сандуци ќе има во просторијата

Број на сандуци во должина:13
Број на сандуци во ширина:6
Број на сандуци во висина:4

Ако го собереме сето тоа, добиваме 490 сандуци.

На долните четири сандуци ќе има продолженија (ногарки).

Постојат: 13 X 6 X 4 = 312

На горните редови на сандуци не му требаат продолженија (ногарки), т.е.  16 X 6 = 78

Вкупно: 390

Површината за одгледување  на шампињони се добива во нашиот случај кога бројот на сандуци е поделен со 2.

Ова значи: 390 : 2 = 195 м2 (ова е нашата површина за одгледување со која треба да се започне производство на печурки)

Следното што е потребно за производство на печурки е компост, кој може да се купи или направи.

Подготовка на компост

Кои се додатоците што треба да се стават во ѓубрето за да се добие компост од него?

За да се направи компост, на ѓубрето треба да му се додадат следниве додатоци:

– Урина (или уреа) од 3 до 5 килограми на 1 тон ѓубре, или исто толку амониум сулфат.

– Никулци од слад се добиваат во пиварници каде се произведува слад од јачмен и се додаваат 125 килограми на 1 тон ѓубре.

– Гипс, се додаваат 25 килограми на 1  тон ѓубре.

– Вода

– Базудин (додаток против  инсекти). Се додава секогаш кога се носи ѓубрето, кога се прави низок или висок куп и кога се превртува купот.

Како да се измшаат ѓубрето и додатоците за компостот?

Пред да започнеме да го мешеме  ѓубрето со додатоците за да направиме хранлив компост за одгледување на шампињони, треба да пресметаме колку ѓубре ни треба. По сеидбата, ѓубрето ќе се набие, така што неговата висина во кутијата ќе биде 17 сантиметри, а кога ќе се додаде слој на покривка дебел 3 сантиметри, висината ќе биде вкупно 20 сантиметри.

Токму толку е висока страничната штица од сндуците која го држи ѓубрето. Ногарките, кои го држат долниот дел од сандуците се високи 20 сантиметри, а тоа е  растојание до горниот ред. Овие додатоци ги нема  во горниот ред. Ако пресметаме дека ваквото набиено ѓубре тежи 50 килограми во еден сандук, или 100 килограми во два, тогаш ќе ја помножиме површината од 195 квадратни метри со 100, а со тоа ќе ја добиеме вкупната потребна количина ѓубре, односно 19.500 килограми или 19,5 тони. Ова е количеството ѓубре што е потребно за еден циклус на одгледување кој трае 90 дена. Кога циклусот ќе се смени, тогаш мора да започнеме одново.

Компостот од ѓубре и адитиви (додатоци), се подготвува на бетонска плоча, а самиот процес, во зависнот од избраниот начин, трае 18 дена.

 Подготовката на компост (компостирањето) започнува со испорака на ѓубре, кое се мери со вага. Ѓубрето се истура на бетонска плоча без никаков ред, се полева со вода и се запрашува со „базудин“. По неколку дена, од ѓубрето се прават мали купчиња кои треба добро да се изгазат и наводенат.

 Неколку дена после тоа, се прави висок куп, кој треба да стои неколку дена, а потоа се превртува повторно, неколку пати. Покрај тоа, треба да се објаснат некои термини.

Сите денови пред формирањето  на високиот куп се обележани со минус (-). Денот кога се прави високиот куп се означува со нула (0), а сите денови после тоа се означуваат со позитивни броеви или едноставно со броеви без минус (на пример, ден 3, ден 6, ден 8, ден 10, итн.).

Во табелата е прикажан преглед на дејствијата при подготовка на компост:

-8. ден Мерње, истовар, полевање, запрашување со “басудин”-4. ден Сложивање на  ниски купчиња, газење на,  ѓубрето, додавање на 68кг уреа, додавање на клици од слад 2437кг0. ден
Правење на високи купови 1,8×1,8м,разбивање на грутките, додавање  на вода и формирање без  набивање
3. ден
Прво превртување на купот, формирање без набивање, димензиите на купот се:
1,7×1,7м
6. ден
Второ превртување на купот, додавањена гипс, вода по потреба, купот е со големина 1,6×1,6м
8. ден
Трето превртување на купот, ако е потребно се додава вода
10. ден
Правење на престерилизација во просторот

Извор: poljoprivrednisavetnik.com

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:компостпроизводство на шампињонисоветишампињони
Претходен напис Детално метео: Следува засилен северен ветер и пониски утрински температури
Следен напис ЦВЕКЛО – богат извор на молекулата која го регулира протокот низ артериите
1 коментар 1 коментар
  • Vlatko напиша:
    на 08/06/2022 г. во 03:03 часот

    Од каде се купува готов компост за шампињони?

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?