Овој пат во посета на земјоделецот г-дин Раиф Абдули од Куманово, кој го развива својот бизнис со садење на садници со лешници.
Среќен што тој денес го користи и системот за наводнување кој претходно го има добиено од ИПАРД фондот, како и земјоделската машина FREZ која му ја олеснува работата во обработката на земјиштето. Ова докажува дека со добра волја може од мал бизнис да се постигне денес да се претвори во фамилјарен бизнис, кој го наследуваат и младите членови од семејството.
Нас како управители на институциите ни преостанува и понатаму со посветеност да креираме планови и стратегии за развој на земјоделството, бидејќи самиот факт дека развиените Европски земји издвојуваат 40% од буџетот за развој на земјоделието, видно докажува дека инвестицијата за оваа сфера ќе влијае и во подобрување на економијата во земјата.
Северна Македонија ги има сите потенцијали за развој на земјоделието, имајќи во предвид еден од нај битните услови, а тоа е плодната земја. Затоа, поддршката на земјоделците, модернизација на земјоделските машини, создавањето на квалитетни услови во руралните средини, и понатаму треба да бидат едни од нашите приоритети како влада на РСМ
Фејсбук статус на Абдул Селам Селами – Заменик директор на Платежна агенција


