Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Апарат за мерење на шеќерност во виното од 1534 година, дел од новоотворениот Вински музеј во Кавадарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Апарат за мерење на шеќерност во виното од 1534 година, дел од новоотворениот Вински музеј во Кавадарци
Агровести

Апарат за мерење на шеќерност во виното од 1534 година, дел од новоотворениот Вински музеј во Кавадарци

Објавено 07/09/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Апарат  за мерење на шеќерност во виното од 1534 година, 115 таков предмет во светот, е дел од  регионалниот Вински  музеј кој денеска беше отворен во Кавадарци.

Меѓу поинтересните постари експонати е и таканаречениот фрижидер-ледара од 1934 година, во кој своевремено се носел лед од таканаречените ледари од месноста ,,Мечкина дупка” кај Кавадарци.

Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев го честиташе денешниот празник, 76 години од ослободувањето од Фашизмот и изрази задоволство од отворањето на новиот објект.

-Оваа прекрасна локација во градскиот парк, после толку време ќе добие една културна вредност, нашите потомци ќе ја негуваат и ќе учат во делот на лозарството и винарството. Кавадарци како општина, заедно со сите чинители на општината, никогаш нема да го заборават лозарството и нема да дозволат да падне тоа на ниско ниво, знаете дека во минатите години се случуваше лозари да бидат злоупотребувани од одделни винарски визби, рече Јанчев.

Историјата на Кавадарци е винарството, нагласи тој. -Историјата на Кавадарци е лозарството. Овој музеј токму и тоа ќе го покажува. Како почнало тоа лозарство, како почнало винарството, кој почнал и каде сме денеска. Така да, од денеска да бидеме горди и да имаме повод за да развиваме поголемо ниво и поголема култура на виното. Тука, во овој вински музеј, има простор за сите. Од најголемите винарии, па до најмалите семејни винарии, кои ќе ги претставуваме и заеднички ќе го градиме виното. Виното е тоа кое што треба да биде мотив и грбот на Кавадарци, односно лозарството. Овој вински музеј да го посетуваат што повеќе луѓе, кои ќе се запознаваат со нашата историја и со нашата иднина, додаде градоначалникот.

Весела Честоева, в.д директор на новиот музеј, рече дека со овој објект ќе се гордеат сите.

-Вие сите знаете дека винарството и лозарството во Кавадарци се главна стопанска дејност и дека во Кавадарци, почнувајќи од антиката, па се до почетокот на 19, 20 век, па и денес, единствена преокупација на сите граѓани во овој регион, е виното и лозарството. Со самата поставка, односно изложбениот простор, кој е некаде околу сто метри квадратни, хронолошки ќе можете да се запознаете со неколку предмети, кои ние од музејот успеавме да ги собереме и да можеме да ги изложиме, да бидат едно сведоштво за културниот развој на Кавадарци. Овој вински музеј ќе претставува промоција на винскиот туризам, бидејќи Кавадарци како град, всушност со тоа може да се пофали. Секој добронамерник што ќе дојде во Кавадарци, би сакала ова да му биде задолжителна дестинација, каде ќе можеме сите заедно да го проследиме културното наследство и нормално да ги вкусиме овие прекрасни вина, кои се изложени во самата музејска поставка, рече Честоева.

Во самата музејска поставка претставени се вина на винарските визби, како и на малите семејни винарии, заедно со библиотека во која има информативни содржини за тоа како се развивало винарството и лозарството.

-Се знае дека манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер” за прв пат била одржана 1964 година и веќе половина век се празнува во Кавадарци. Оваа година, заради коронавирусот, манифестацијата се одбележува всушност со ова отварање на овој вински музеј и се надеваме дека понатаму, сите вие ќе бидете наши драги гости, да можеме сите заедно да уживаме во овој прекрасен објект, нагласи в.д директорката, заблагодарувајќи се на градоначалникот и Советот на општината, како и на сите други кои помогнаа околу отварањето на објектот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Апарат за мерење на шеќерност во винотоВински музејЕкспонаткавадарцимузеј на виното
Претходен напис Една од најбогатите храни во природата во форма на лист – БЛИТВА
Следен напис Ветерниот парк ,,Богданци” со рекордно производството на електрична енергија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?