Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инфосредби со земјоделците од Кочанско против палењето на сламата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Инфосредби со земјоделците од Кочанско против палењето на сламата
АгровестиСовети

Инфосредби со земјоделците од Кочанско против палењето на сламата

Објавено 26/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението на жени земјоделки „Агровинка” од Виница ја реализираше првата серија теренски инфосредби со земјоделците од кочанскиот регион, во рамки на втората фаза од пректот „Добра земјоделска практика – богат биодиверзитет”.

Целта на проектот е да се подигне јавната свест против палењето на сламата и стрништата и штетните последици од тоа, при што се разговарало со групи земјоделски производители во 20 села во општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.

На средбите е укажано на можностите за одржливо управување со жетвените остатоци, а биле разменети и мислења како да се собира и преработува сламата, наместо да се пали.

-Генерално, земјоделците од скоро сите села искажаа потреба да се определи државно земјиште како одлагалиште на кое би можело да се носи сламата после жетвата. По нејзиното балирање ќе се договара транспортот до пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, каде ќе се преработува во органско ѓубриво. На инфосредбите имаше и претставници од земјоделските задруги кои дадоа препораки да се прават мини компостари, како и да се набават ролобалирачки за собирање на сламата. Беше предложено да се направат дополнувања во Законот за рурален развој и да се воведат субвенции за набавка на машини за производство на пелети од земјоделски отпад или за уреди на комбајните што би ја сечкале сламата за време на жетвата, истакна Олга Стоименова од Здружението „Агровинка”.

До крајот на септември ќе се одржи уште една серија инфосредби со земјоделците од 10 села во регионот, на кои ќе се укажува да не се пали сламата токму пред почетокот на овогодишната жетва на оризот.

Проектот „Добра земјоделска практика – богат биодиверзитет”се спроведува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а во координација со „Фармахем”.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АгровинкаИнфосредбикочанскопалење на стрништастрништа
Претходен напис Диња – 7 добри причини за употреба!
Следен напис Услови и потребна документација за користење средства од ИПАРД, мерка 7 – „Инвестиции во обезбедување на услуги во земјоделството“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?