Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Франција за оваа година прогнозира поголемо производство на вино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Франција за оваа година прогнозира поголемо производство на вино
АгровестиПазари

Франција за оваа година прогнозира поголемо производство на вино

Објавено 24/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Француското производство на вино оваа година веројатно ќе се зголеми, а бербата би можела да започне порано од вообичаеното поради потоплото време, прогнозира нивното Министерство за земјоделство.

Сепак и во Франција како и во Италија, се обидуваат да го стабилизираат производството за да можат цените да останат стабилни, пишува Ројтерс. Според извештајот кој ја содржи првата прогноза за 2020 година се очекува производство од 44,7 до 45,7 милиони хектолитри што е пораст за 6 до 8% во однос на минатата година и нешто над просекот на таа земја за последните пет години.

Сушата би можела да ги намали очекувањата

Во текот на пролетта имаше поволни временски услови за виновата лоза иако болеста сиво гниење зафати делови во југозападните делови, а градот предизвика 30% загуби во некои делови на регионот Bordeaux.

Сушата која сеуште трае, сепак би можела да ги намали очекувањата за зголемување на производството иако топлата пролет поволно влијаеше врз растот на виновата лоза во однос на претходните години.

Можностите за рана берба им создадоа главоболка на производителите кои се зависни од сезонските работници и кои се соочија со недостиг на работна сила но и со строгите мерки за заштита во текот на пандемијата.

За регионот Champagne, од Министерството порачаа дека виновата лоза покажува добар потенцијал но напоменуваат дека треба да утврдат за кои количини се работи. Производителите на шампањско сеуште преговараат за цените на производите, а некои сакаат да го намалат производството за да се зголеми цената бидејќи пандемијата ја намали продажбата.

Да потсетиме, Франција ја зголеми финансиската поддршка на 250 милиони евра на лозарите кои се соочени со голем пад на побарувачката, откако поради пандемијата се затворија рестораните и баровите, а американските царински тарифи го ограничија извозот.

Исто така, оваа држава најави дека ќе ја згоелми и поддршката за земјоделците поради сушата.

Извор: Agroclub

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винопоголемо производствопроизводство на виноФранција
Претходен напис Се намалуваат приносите на мед во Полошко
Следен напис Австријците јадат најскапо месо во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?