Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пиперките имаат три пати повеќе витамин Ц од портокалите и штитат од канцер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Пиперките имаат три пати повеќе витамин Ц од портокалите и штитат од канцер
МагазинСовети

Пиперките имаат три пати повеќе витамин Ц од портокалите и штитат од канцер

Објавено 24/08/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пиперките дефинитивно се вбројуваат во најзастапените зеленчуци на нашите трпези. Македонија има особено погодни почви за култивирање на високо-квалитетни сорти  пиперки, како феферони, бабури, чили, зелени пиперки, ајварки итн.

Овој зеленчук има специфични вкусови карактеристики и навистина широк спекатар на употреби – од свежи салати, полнети пиперки, лути пиперки, ајвар и различни зимници, па се до зачини од сушени пиперки.

Пиперката (Capsicum annuum) е повеќегодишно зеленчуково растение од семејството цветни растенија Solanaceae, во кое се и компирот, доматите итн. Се сретнува во повеќе бои и облици, а сортите ги споменавме погоре.

Сите сме слушнале дека пиперките се можеби најбогатиот природен извор на витамин Ц. Побогати и од лимонот и портокалот.

Но, дали на тоа се сведува нивното корисно дејство? Зошто треба да ја задржиме навиката за јадење пиперки во различни облици?

1) Висока нутритивна вредност

Пиперките се густо-нутритивна храна, односно имаат висока нутритивна, а ниска калориска вредност. Содржат висок процент на вода(над92%).

Во 100g свежа пиперка се содржат само 31kcal, од 6g јаглехидрати(4,2g шеќери), 1g протеини и 0.3g масти.

Исто така, количеството на растителни влакна е одлично – 2,1g.

Фруктозата и глукозата се одговорни за слаткиот вкус.

Што се однесува до микронутритивниот состав, тој е фасцинантен. Освен што се еден од најбогатите извори на витамин Ц (169% од дневно препорачаниот внес), пиперките се и добар извор на витамин Б6, витамин К, калиум, железо, фолна киселина и провитамин А.

2) Висока антиоксидативна вредност

Пиперките се богат извор на низа моќни антиоксиданти, помеѓу кои:

• Капсицин – особено присутен во црвените пиперки, потентен антиоксидант, одговорен за црвената боја.

• Виолаксантин – најчестиот каротеноиден антиоксидант во жолтите пиперки.

• Лутеин – многу значаен за здравјето на очите, најзастапен во зелените пиперки.

• Кверцетин – полифенолен антиоксидант кој во повеќе студии се покажал како заштитник од низа хронични заболувања – дијабет, малигни и кардиоваскуларни заболувања итн.

• Лутеолин – исто така полифенолен антиоксидант, со низа бенефити за здравјето.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти, кои постојат се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самото да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак генерално зависи од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

3) Храна погодна при слабеење

Речиси сите зеленчуци се густо-нутритивна храна, богата со растителни влакна. Тоа ја прави особено погодна храна при слабеењето. Освен што практично не можете да претерате со неа, таа ќе ви обезбеди и низа микронутриенти и антиоксидативни компоненти со најразлични корисни дејства врз орагнизмот.

Растителните влакна студиите ги поврзуваат со побрзото и поуспешно слабеење.

Ова е случај заради тоа што го намалуваа гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост. Дополнително, тие се храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје.

4) Пиперките се одлични за здравјето на очите

Ова својство се должи, пред сé, на 2 причини. Провитаминот А и моќниот антиоксидант лутеин. Покрај него, во пиперките, во нешто помали количества е застапен и зеаксантинот.

Ова се двете антиоксидативни компоненти кои низа студии ги поврзуваат со превенцијата од најчестите очни болести како катаракта, но и макуларна деградација, причина број еден за слепилото кај повозрасните лица.

Ваквото својство се должи на способноста на споменатите моќни антиоксиданти, значајно да ги успорат процесите на оксидативни оштетувања од слободните радикали во мрежницата.

5) Превенција од анемија

Анемијата се дефинира како намалена способност на крвта да пренесува кислород. Најчестата причина за анемија е недостатокот од железо, а најчестите симптоми се слабост и хроничен замор.

Не само што пиперките содржат одредени количества железо, нивните високи концентрации на витамин Ц значително делуваат на повишената апсорпција на овој минерал во дигестијата.

Затоа, паметно е храната богата со железо да се јаде во комбинација со пиперките.

Сепак, доколку сакате максимално да го внесете овој витамин од пиперките, внимавајте на нивното готвење на високи температури, тоа треба биде минимализирано.

6) Некои други здравствени бенефити од пиперките со научна поткрепа:

◦ Здравје на кожата и косата – поради високата концентрација на витамин Ц, кој е значаен за метаболизирањето колаген– важен протеин за кожата и косата.

◦ Погодна храна при дијабет

◦ Подобрено кардиоваскуларно здравје – заради богатиот антиоксидативен состав, но и поради солидниот процент калиум.

◦ Подобра дигестија
 – богат извор на растителни влакна.

◦  Според некои студии, лутите ,,чили” пиперки можат да помогнат за согорување на маснотиите, да ги олеснат болките, да го намалат крвниот притисок, а според една студија и да го намалат општиот ризик од смртност.

Прилогот го подготви Д-р Александар Митов


Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Претходен напис Австријците јадат најскапо месо во ЕУ
Следен напис Русија очекува најголема жетва на пченица досега?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?