Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Услови и потребна документација за користење на средства од ИПАРД , мерка 7 – „Инвестиции во занаетчиски дејности“.
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Услови и потребна документација за користење на средства од ИПАРД , мерка 7 – „Инвестиции во занаетчиски дејности“.
АгровестиСоветиФондови

Услови и потребна документација за користење на средства од ИПАРД , мерка 7 – „Инвестиции во занаетчиски дејности“.

Објавено 20/08/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 е програма која овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.


Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 за Република Северна Македонија се очекуваат многубројни придобивки, од кои можат да се издвојат следните: подобрување на стандардот на земјоделските производители, подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност, зголемување на вработеноста во руралните средини, подобрување на стандардите и зголемена заштита на животната средина.

Една од специфичните цели на ИПАРД IIi Мерка 7 е зачувување и развој на традиционалните занаетчиски активности. За да се постигне оваа цел, во оваа мерка 7, влегува и приортетниот сектор 4 „Инвестиции во занаетчиски дејности“.

Во овој сектор спаѓаат, сите дејности пропишани со „Правилник за измена на Правилникот за определување на дејностите кои
можат да ги вршат занаетчиите “Службен весник на Република Македонија бр 44/09”

Ќе наброиме само неколку од нив:

–Занаетчиски дејности од областа на градежништвото (работа со декоративен камен, ѕидање, вадење на чакал, песок, глина, поставување на водоводни инсталации, канализација, греење , клима уреди, малтерисување, столарија , застаклување, изработка на покривни конструкции и др.)

–Занаетчиски дејности од областа на електромашинството (леење на железо и лесни метали, производство на метални врати и прозорци, производство на алати, брави, жичани производи, електрични составни делови , производство на печки, горилници , оптички инструменти и др.

–Преработка на дрво

–Преработка на текстил, кожа и крзно

–Производство и преработка на прехрамбени производи и пијалоци (собирање на шумски плодови, производство на сокови , конзервирање на овошје, преработка на млеко, производство на леб и други пекарски производи, производство на вино од грозје, дестилирање и прочистување на алкохолни пијалоци и др.)

–Занаетчиски дејности поврзани со здравјето и негата на телото (фризерски и козметички салони , фитнес центри, производство на сапуни, детергенти, етерични масла, парфеми и др.)

–Уметнички занаетчиски дејности

–Домашни ракотворби

–Лични и услужни дејности

I. Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани воЦентрален регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

II. Висина на финансиска поддршка

Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата (трошоците без ДДВ).

  • Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 5000 €
  • Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1 000 000 €

III. Прифатливи трошоци

  • Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
  • Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
  • Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
  • Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
  • Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Инфраструктурно уредување.

IV Локација на прифатлива инвестиција

 Проектот е прифатлив за финансирање доколку локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата се наоѓа во рурална средина во согласност со „Листата на рурални средини”.

V. Листа на потребни документи

Покрај основната документација потребна за апликација за ИПАРД, мерка 7, како дополнителна документација, доколку апликантот е правно лице, за овој приоритетен сектор 4 „ ЗАНАЕТЧИСКИ АКТИВНОСТИ“ ќе треба да достави и

-ДОКАЗ ДЕКА ПРАВНОТО ЛИЦЕ Е РЕГИСТРИРАНО ЗА ВРШЕЊЕ НА ЗАНАЕТЧИСКА ДЕЈНОСТ

VI. Документи кои Агенцијата ги прибавува по службена должност за приоритетен сектор 4

  • РЕШЕНИЕ ЗА РЕГИСТРИРАН ЗАНАЕТЧИЈА
  • РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ ОПЕРАТОР СО ХРАНА
  • МИСЛЕЊЕ ДЕКА ПЛАНИРАНТА ИНВЕСТИЦИЈА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ И ЕУ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

Повикот за Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата се очекува наскоро да биде објавен. Целосните информации ќе ги има откако ќе излезе повикот, но генерално ова се основните информации за Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.

–

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Занаетчиски дејностиИпардМерка 7Услови и документација
Претходен напис Извозниците бараат алтернативни начини за промоција на македонските извозни продукти
Следен напис Детално метео: Продолжува стабилното и се потопло време – нова дестабилизација на самиот почеток од следната недела
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?