Досието за стекнување статус ,,Земја слободна од чумата кај малите преживари” е спремено. Денес, официјално го доставуваме до комисијата за заразни болести кај копнените животни при светската организација за здравствена заштита на животните (OIE).
Со стекнувањето на статус слободна земја од одредена заразна болест кај животните се потврдува спремноста, организираноста и функционалноста на целокупниот систем на здравствена заштита на животните во државата.
Систем во кој покрај државните институции како Агенцијата за храна и ветеринарство се вклучени ветеринарната комора, ветеринарните друштва, факултетите за ветеринарна медицина, лабораториите, сопствениците на животните, ловечките друштва и невладините организации од областа на здравствената заштита на животните.
На овој начин се добива и поголема светска репутација и доверба од другите држави во меѓународната трговија со живи животни, производи од животинско потекло и нус-производи од животинско потекло.
Фејсбук статус на Зоран Атанасов- директор на Агенцијата за храна и ветеринарство
