Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Велешкото езеро Младост станува прва иновативна туристичка дестинација во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Велешкото езеро Младост станува прва иновативна туристичка дестинација во земјава
АгровестиРурален Развој

Велешкото езеро Младост станува прва иновативна туристичка дестинација во земјава

Објавено 14/08/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На велешкото езеро Младост се спроведува проект за локална и регионална конкурентност за подобрување на туристичката понуда. Со Проектот за локална и регионална конкуретност (ЛРЦП), со вкупна вредност од 62 милиони денари од кои 55,5 милиони денари се грант, а останатите се обезбедени од општината, Младост станува „смарт езеро“ коешто ќе биде прва иновативна туристичка атракција во земјава.

Езерото Младост вчера го посетија вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски, преставникот на Европската комисија Никола Бертолини и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

– Преку оваа програма за поддршка на компетитивноста и економскиот локален развој навистина имаме можност да видиме дека со инвестиции преку локалната самоуправа и со поддршка од ваков тип на проекти создаваме атрактивни локации коишто секако ќе бидат посетени од домашни посетители, но и од странски посетители. Со воведувањето на овие паметни елементи во опркужувањето на езерото како што е менаџирање со паркингот, детско игралиште, велосипеди коишто исто така се управуваат преку одредени паметни модели сметам дека се олеснува на општините менаџирањето со ваков тип на туристички локации коишто се многу значајни. Нивната значајност не е само заради тоа што тие стануваат актрактивни и ќе бидат посетени од повеќе посетители, туку директно влијаат и на економскиот развој, но со тоа директно влијаат и на регионалниот развој којшто е за нас како влада навистина значаен, рече Царовска. Таа посочи дека Владата во изминатите три години внимавала сите региони подеднакво да добијат финансиски средства и можност за развој и со тоа да влијаат граѓаните да останат во местата каде што живеат. Царовска се заблагодари до ЕУ и делегацијата за поддршката на проектот и до Светска Банка којашто е партнер за имплементација.

Министерот Манчевски истакна дека ова е извонреден пример како дигитализацијата, како интернетот на нештата може да се примени и во рурални средини и во туристички места, секаде онаму кадешто може да ги користиме придобивките од дигитализацијата. – Дел од овој проект се и елементи на паметно езеро, како што не извести градоначалникот и имплементаторите на проекти тука ќе има паметни велосипеди, паметни клупи, паметен паркинг. Сето ова ќе им овозможи на граѓаните многу полесен начин да ги користат бенефитите на оваа туристичка атракција, што води кон главната порака на она што сакам да го кажам а тоа е дека точно е дигитализацијата помага и во отворање на нови работни места и на справување со КОВИД-19 и на зголемување и помагање на локалната економија, но ние мораме тоа да го правиме и на централно ниво, рече Манчевски.

Тој најави дека во иднина државата ќе инвестира во национална платформа за паметни градови со што секој помал град, туристичко место, секое помало, па дури и село кое ќе сака да имплементира елементи на паметни солуции во својата туристичка понуда, во организацијата на паркингот, во осветлувањето ќе може тоа да го направи на еден многу полесен начин.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерката Царовска, преставникот од ЕУ, Бертолини истакна дека Европската Унија константно го помага регионалниот развој.

– Вашата земјата започна преговори со Европската Унија. На земјата и е потребна поддршка за развој, да им се даде работа на бизнисите како и да се овозможи вработување на луѓето. Овој проект е дел од многу интересна програма којашто овозможува многу проекти во целиот регион и е воедно директен одговор на последиците од кризата од пандемијата затоа што само со инвестиции и со кредибилитет државата ќе продолжи понатаму. Туристичкиот сектор кој беше најмногу погоден од кризата може да смета на нашата поддршка, рече Бертолини.

Градоначалникот Коцевски изјави дека во конципирање на проектот учествуваа сите фирми покрај крајбрежјето на езерото Младост, хотелите, рестораните, винариите и бродот којшто е лоциран на езерото Младост.

– Очекувам преку овој проект да се создадат многу работни места. Езерото Младост е вештачко, но е така добро склопено во просторот што претставува една целина. Езерото и без тоа е примамливо за туристи како од земјата така и од странство, рече Коцевски.

За него од особена важност е привлекување на странските туристи кои во текот на годината одат во Грција и на север кон Србија. – Се надевам дека ќе успееме во тоа. Проектот содржи 18 подпроекти.

Во наредниот период останува да се набават смарт елементите и со тоа мислам дека ќе дадеме еден добар пример на останатите оштини во земјата во кој правец треба да се развиват општините и градовите, рече градоначалникот на Велес.

Досега преку ЛРЦП се потпишани договори за вкупно 61 проект, 25 се целосно реализирани, а 36 се во тек на реализација. Меѓу позначајните проекти се целосна реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, реконструкција и пренамена на стар објект во мултимедијален центар во Општина Вевчани, изградба на вештачка планинарска карпа и поставување на друга урбана опрема во Крушево, изградба на адреналински парк во Карпош и уште неколку други прокети со кои се придонесува за поголем и побрз развој на езерскиот, винскиот и екотуризмот низ државата.



МИА

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:Велешко езероЕзеро Младостиновативен проекттуристичка дестинација
Претходен напис Интерес за субвенции за осигурување на производството во Прилеп
Следен напис Димковски: Нови повици за „Млад земјоделец“ и „Рурална жена“ до крајот на годината или почеток на новата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?