Денеска, во Кавадарци остварив средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, градоначалникит на Демир Капија Лазар Петров, пратениците Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова како и претставници на здруженија на лозари и дел од лозаропроизводителите од овој регион.
Заеднички заклучок на сите присутни е дека винариите треба да имаат коректен однос кон своите партнери – земјоделците, да формираат цени кои нема да бидат навредливи за трудот на земјоделецот, туку напротив ќе го стимулираат производството. За да го одржиме лозарското производство потребно е откупната цена на грозјето да биде барем иста како ланската.

Во пресрет на почетокот на откуп на грозје, МЗШВ ќе организира состанок со винариите со цел да се изнајде заедничко решение за надминување на проблемите со кои се соочува целиот сектор на лозарско и винско производство, предизвикана од глобалната економска криза поради пандемијата со Ковид 19, а која влијаеше на светската и домашната економија.
Фејсбук статус на Трајан Димковски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

