Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Домашната винска индустрија трпи огромни штети од Ковид-19 кризата, неопходна е поддршка од државата за да се спречи колапс
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Домашната винска индустрија трпи огромни штети од Ковид-19 кризата, неопходна е поддршка од државата за да се спречи колапс
Агровести

Домашната винска индустрија трпи огромни штети од Ковид-19 кризата, неопходна е поддршка од државата за да се спречи колапс

Објавено 13/08/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата предизвика сериозни пореметувања на глобалниот вински пазар, а истовремено направи и огромни штети врз македонската винска индустрија.

Податоците на „Вина од Македонија“ (ВОМ), во кое членуваат најголемите производители и извозници на вино во земјата, покажуваат дека Ковид-19 кризата предизвика пад на продажбата на вино на домашен пазар и до 80%, пред сѐ поради намалениот промет во угостителскиот и туристичкиот сектор каде се остварува најголем дел од потрошувачката на флаширано вино. Дополнително, обидите на големите производители на вино од Италија, Шпанија и Франција да се ослободат од големите залихи, предизвикаа намалување на цените на виното на клучните извозни пазари, особено на наливното, за повеќе од 40%, што креираше дополнителен притисок за намалување на цената на македонското вино што се пласира на странските пазари и намалување на вкупниот девизен прилив од извозот на вино.

Драстичното намалување на продажбата на вино на домашниот пазар и намалувањето на цените на виното на главните извозни пазари сериозно ја влошија финансиската стабилност и ликвидност на македонските винарници, што го доведоа во прашање редовното производството на вино и реализацијата на годинешниот откуп на грозје и претставува потенцијален проблем и за лозарите и за државата.

Во вакви крајно отежнати околности, македонските производители и извозници на вино се приморани да ги прилагодат своите деловни планови, вклучувајќи ја и ценовната политика за откуп на грозјето спрема условите што ги диктира пазарот и ситуацијата предизвикана од Ковид-19 кризата. Производителите на вино, а особено извозниците на наливно вино се соочуваат со големи ценовни притисоци на светско ниво, што ја прави откупната цена нереална и невозможна без интервенција од државата. Дополнително, намалената побарувачка, како на домашно, така и на светско ниво, влијае и на потребите од количини грозје со што се става под знак прашање откупот на целата реколта.

За да се избегне целосниот колапс на македонската винска индустрија и лозарство, Здружението „Вина од Македонија“ во периодот од март до јули 2020 иницираше повеќе средби со претставниците на надлежните институции на кои беа презентирани конкретен сет мерки кои требаше да обезбедат вистинска поддршка и поттик за целокупниот македонски вински сектор, по примерот на мерките за поддршка кои ги применуваат владите во другите земји – големи производители на вино. Но, и покрај презентираните аргументи од страна на Здружението, Владата досега не донесе одлука во врска со ова прашање.

Ставот на „Вина од Македонија“ е дека за да може да се откупи целокупната количина на грозје од годинешната берба, по дефинирани цени, ќе биде неопходна директна финансиска поддршка од државата.

Доколку не се размислува рационално и не се дејствува брзо и одлучно, постои реална опасност за целосен колапс на македонската винска индустрија која обезбедува годишен извоз од околу 50 милиони евра и обезбедува работа и социјална сигурност за околу 30.000 индивидуални земјоделски стопанства, 12.000 сезонски работници и повеќе од 2.500 вработени во 74 регистрирани домашни винарски визби.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:„Вина од Македонија“винска индустријавински пазарподдршка од држваташтети од КОВИД 19
Претходен напис Најчесто поставувани прашања за ИПАРД Мерка 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси
Следен напис Земјоделците од источниот регион ќе се обучуваат за користење на дигиталната технологија за онлајн продажба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?