Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Годинашниов гроздобер во Франција ќе биде многу порано од вообичаеното
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Годинашниов гроздобер во Франција ќе биде многу порано од вообичаеното
Агровести

Годинашниов гроздобер во Франција ќе биде многу порано од вообичаеното

Објавено 12/08/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Франција, во 2020 година ја доживеа својата втора најжешка пролет од пред сто години. Годинашново лето сигурно е дека ќе биде исто така едно од најжешките. Доволно за да го промени ритамот на француските лозови насади, кои ќе бидат подготвени за гроздобер од средината на август во неколку региони, додека вообичаените гроздобери обично се одвиваат кон крајот на август-почетокот на септември, јави дописникот на МИА

.-Лозовите насади забележуваат вонредно прерано зреење, за некои до еден месец во однос на 2019 година“, вели Агресте, службата за статистика на Министерството за земјоделство на Франција. Овој напредок, кој се припишува на глобалното затоплување, може парадоксално да ги радува лозарите, кои очекуваат добар гроздобер благодарение на сончевата пролет и обилните дождови во јуни.

-Според првите проценки утврдени на 1 август 2020 година, производството на вино во 2020 година ќе биде во опсег помеѓу 44,7 и 45,7 милиони хектолитри. Годинашнава реколта ќе биде 6 до 8 отсто поголема од онаа од 2019 година. Без да биде висока како таа од 2018 година, таа би можела да се врати на нивото од пред 2017 година ”, година во која лозарите доживеаја болна епизода на мрзнење.

Овие рани берби, кои ветуваат дека ќе бидат дарежливи, ги принудуваат производителите да ги прилагодат мерките што се преземаат за да ги најдат сезонските работници, уште повеќе во оваа година обележани со епидемијата на коронавирусот. Производителите навистина очекуваат помал принос заради мерките што ќе треба да се преземат за да се спроведат бариери, како на пример создавање на насоки на движења во лозјето, на пример.

Секоја година, во просек се вработуваат 400 000 лица за бербата на грозје. Обично, една четвртина од сезонските работници ангажирани се странци. Со ограничувањата за патувања за сезонските работници, но и заради безбедноста, некои лозари се во искушение да вработат француска, локална работна сила, која сепак е поскапа.

Центарот за вработување, кои во оваа ситуација гледаат можност да невработените најдат работа, веќе го постави својот систем за регрутирање на берачи на грозје во Алзас, со специјална телефонска линија активирана во вторникот 11-ти Август; Слично е и во областа Шампањ.

По бербата, лозарите ќе имаат други проблеми. Ограничувањето на производството на ино, како во Шампањ, каде посто несогласување меѓу лозарите и винарските куќи околу прашањето на големиот принос на ова берба.. Соочени со намалувањето на продажбата поврзана со епидемијата на „Ковид-19“ и преголемите резерви, куќите сакаат многу помалку грозје отколку во 2019 година.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:годинешниот гроздобергроздоберФранцијафранцуски лозови насади
Претходен напис Се очекува локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи
Следен напис Антонио Анѓеловиќ: Жетвата ја завршивме, задоволни сме од приносите особено од семенската пченица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?