Бананите се едни од ретките производи, чија што побарувачка на пазарот се зголеми за време на кризата со корона вирусот. Сепак, сега, во текот на летните месеци, падот на побарувачката е многу поголем отколку што очекуваа продавачите и извозниците, а причина за тоа е зголемената побарувачка на сезонско овошје како што се лубениците и праските.
Холандија е една од ретките земји каде што е забележано зголемување на продажбата, бидејќи нивната цена, споредена со цената на килограм јаболка, овде е многу ниска.
“Можам да замислам дека приоритетите на потрошувачите се менуваат и луѓето ги купуваат поевтините производи , но сепак купуваат и здрава храна. Обично, јули и август се месеците кога продажбата е најлоша и паѓа за околу 30-40%. Сепак, тој пад не е толку голем во моментот, затоа што луѓето останаа во земјата за време на годишните одмори заради моменталната состојба, но и поради тоа што, увозот на другиет овошја е намален “, вели еден од холандските производители за Fresh Plazu.
Во Германија и Италија цените се пониски поради намалената потрошувачка
Иако во средината на април среде пандемија, цените на бананите се искачија на рекордно ниво, во моментов тие паѓаат и на германските пазари. Најголемиот снабдувач во однос на обемот е Еквадор со испорачани 224.225 тони, а по него следуваат Колумбија и Костарика.
Побарувачката на банани во Италија, во изминатиот период беше голема што резултираше со малку повисоки цени. Бананите се едни од ретките овошја што воопшто се продаваа во таа земја. Снабдувањето во моментов е стабилно, а побарувачката е многу пониска отколку што беше за време на карантинот. Како резултат на тоа се намали и нивната цена.
Во Италија, исто како и во Германија, во моментот најмногу можат да се најдат банани од Еквадор, Колумбија и Костарика.
За време на карантинот, бананите беа исто така едно од најпродаваните овошја и во Франција, но сега продажбата забележа благ пад поради сезонското овошје. За жал, заради сушата во Гвадалупе и Мартиник, каде се наоѓаат најголемите плантажи на оваа овошна култура, производство, а и самиот пласман нема да бидат на задоволително ниво.
Во Кина има нешто повисоки цени, а во Азија производството е намалено
Производството на банани во Кина, поточно во Гуангдонг и Гуангкси постепено расте, при што до крајот на декември се очекуваат високи приноси. Цените во моментот се малку повисоки отколку во почетокот на јули, а според бројните проценки на извозниците, во наредните недели, се очекува, побарувачката да достигне најниско ниво оваа година.
Што се однесува до Југоисточна Азија, бербата на банани е на својот врв во Виетнам и Камбоџа, додека производството на Филипини е намалено за 20%. Се очекува побарувачката да се врати на стандардно ниво во септември.
Во САД понудата е многу голема
Во моментов, постои огромна количина на овошје на американскиот пазар, вклучувајќи ги во тоа и самите банани. Повеќето од нив потекнуваат од Централна и Јужна Америка, како што се Еквадор, Хондурас, Гватемала и Костарика.
Но, иако количините се на високо ниво, побарувачката значително се промени во последните неколку недели, а цените остануваат прилично ниски како за време на пандемијата. Поради сегашните големи суфицити на банани, голем дел од нив во моментов се донираат, а многу производители и извозници очекуваат поголема побарувачка до крајот на август.
Еден од најголемите производители на ова овошје, Еквадор имаше проблем со испораката, што резултираше со намалување на продажбата. Цените се исто така малку пониски во моментот, но тоа не ги загрижува многу производителите бидејќи се навикнати, продажбата на бананите во текот на летните месеци да биде намалена.
Извор: Агроклуб
