Градината која се наоѓа во селото Трешњевац, општина Кањижа во Србија, претставува вистинска оаза на убавина и мир. Таа се протега на десет илјади метри квадратни и е резултат на голема креативност, љубов кон цвеќето но и стотина часови вложен труд, работа и учење. Оваа градината веќе единаесет години, како сложувалка, дел по дел ја создава Лејла Рандовиќ, која по занимање е ветеринарен техничар.

На Лејла Рандовиќ, одгледувањето на цвеќиња со години и претставувало хоби, а за вакво нешто сонувала со години. Градината ја дизајнирала со помош на својот сопруг и како што вели, за ваква градина потребно е многу труд и посветеност.
„Секогаш сакав да ги гледам растенијата, едноставно уживам со нив па затоа решив да направам своја градина“ вели Лејла

Покрај цвеќиња таа одгледува и овошје и зеленчук, а има и вистинска мала шума.
-„За вакво нешто, во првите две три години треба многу труд, но после кога цвеќињата ќе се вкоренат, нема толку многу работа бидејќи тревите нема каде да растат“, објаснува Лејла.

Оваа градина, во 2015 година освојува прва награда на натпреварот за најубава градина во Србија, воодушевувајќи го жирито со својот изглед и раскошните цвеќиња. Во неа има повеќе од триста видови растенија, а љубителите на цвеќе често доаѓаат тука.
– „Често ми доаѓаат посетители, секој викенд организирам посети. Гостите најпрво треба да се најават, а после во групи ги примам и ги носам во градината каде што правиме мала седенка од два часа, потоа малку ја разгледуваме градината и им раскажувам за неа “, вели Лејла.

Покрај љубов, за остварување на ваков сон неопходно е и знаење и едукација, па затоа Лејла посетувала тригодишна обука за хортикултурата и одгледување на растенија. Оваа градина претставува одличен спој на креативност, труд и пред се добар вкус.
Извор: RTV
