Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците во Прилепско да не поставуваат системи за наводнување кај делекуводите, предупреди МЕПСО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците во Прилепско да не поставуваат системи за наводнување кај делекуводите, предупреди МЕПСО
Агровести

Земјоделците во Прилепско да не поставуваат системи за наводнување кај делекуводите, предупреди МЕПСО

Објавено 05/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

МЕПСО детектира испади на 110 – киловолтниот далекувод што ја поврзува трафостаницата „Прилеп 1“ со трафостаницата „Битола 1“  со што има прекини во снабдувањето со електрична енергија на Прилеп и на околните села.

Од компанијата велат дека тие се предизвикани од системите за наводнување и распрскување што ги поставуваат земјоделците во близина. Оттаму апелираат и ги предупредуваат земјоделците на внимателност.

– За непрекинато снабдување на Прилеп и на околните населени места со квалитетна електрична енергија, откако во изминативе денови се детектирани испади на 110-киловолтниот далекувод што ја поврзува трафостаницата „Прилеп 1“ со трафостаницата „Битола 1“ предизвикани од тоа што во близина на далекуводот се поставуваат системи за наводнување и распрскување, апелираме и предупредуваме земјоделците во екот на сезоната за наводнување да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување во близина на далекуводи од преносната мрежа, стои во апелот и предупредувањето од МЕПСО.

Најстрого се предупредува да не се поставуваат прскалки за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа.

-Допирот на водниот млаз со проводните јажиња освен тоа што ќе го исфрли од погон 110 kV далекувод и ќе предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија, може да биде кобен за животот на лице кои се наоѓа под трасата на далекуводот. Затоа, никогаш не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далекуводните траси, никогаш не ги кревајте во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите. Металот е проводник поради што се изложувате на огромен ризик по вашите животи. Не загрозувајте го сопствениот живот, како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина. Воедно не загрозувајте ја доверливоста на електроенергетскиот систем, предупредуваат од МЕПСО.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДалеководиМЕПСОПредупредување од МЕПСОСистеми за наводнување
Претходен напис Заштита на виновата лоза од болести и штетници во фенофаза на прошарок и зреење на грозјето
Следен напис Објавен е најновиот извештај за смртноста кај опрашувачите предизвикана од пестицидите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?