Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) објави сеопфатна анализа од досега достапните научни докази за морталитетот на пчелите предизвикан од пестициди.
Објавениот извештај се заснова на најголемата систематска збирка на докази за стапката на смртност од испитувања кои се направени до сега и вклучува три групи на опрашувачи, пчели, бумбари и осамени пчели.
Уште во март 2019 година, Европската комисија ја овласти ЕФСА да ги корегира и да ги надополни своите упатства околу проценката за ризикот врз пчелите на производите кои се користат за заштита на растенијата.
Главните извори на податоци во истражувањето беа систематски преглед на литературата и анкетирање на пчелари од повеќе земји во Европската унија
Стапката на смртност е најголема кај медоносните пчели
Достапните податоци за пчелите биле доволно големи за да можат да се извлечат прилично силни заклучоци, барем што се однесува околу опсегот на дневната стапка на смртност, тврди ЕФСА.
Правена е анализа на три групи, и тоа кај медоносните пчели, пчелите кои ги опрашуваат растенијата за сточна храна и оние во кошницата. Како што се очекуваше, кај медоносните пчели е забележана најголема дневна смртност, и тоа секогаш над 5%, а најмногу меѓу 10-12%.
Смртноста на втората група била околу 5,3%, а во некои случаи била дури и поголема. Оние пчели што се во кошница имаат најмала смртност најмногу околу 3-4%, а некаде достигнала и до 6%.
Исто така, како што се предвидуваше, смртноста на пчелите е најголема во пролет и лето, додека во зима, за време на неактивниот период, смртноста е променлива.
Кај бубамарите има најмала смртност
Извештајот за бумбарите бил малку потежок за правење. Различните типологии на податоци биле резултат на собирањето многу распрскани информации, така што не може да се извлечат силни заклучоци. Како и да е, податоците биле доволни за да се дефинира опсегот на стапката на смртност.
Бумбарот (Bombus terrestris) покажал најмала дневна смртност, во просек од околу 2%, додека кај другите видови како што се обичниот бубамар (B. Pascuorum), Bombus lucorum и карпестиот бумбар (B. Lapidarius) стапката на дневна смртност била многу повисока и тоа во просек околу 6%. Стапката на презимување кај сите видови била околу 44%.
Осамени пчели
Што се однесува до осамените пчели, земени се податоци од четири вида од кои три припаѓаат на семејството Megachilidae (Osmia rufa, Osmia cornuta и Megachile rotundata) и една (Lasioglossum fratellum) која припаѓа на семејството Halictidae.
Дневната стапка на смртност кај овие пчели била приближно 5%, што се совпаѓа со последните податоци од 2013 година. Исто така, за некои видови имало можност да се утврди смртноста во текот на зимата, а за некои поради неможноста да се добијат податоци тоа не било возможно. Така, за L. fratellum, испитувањето било направено на ограничен број пчели и смртноста изнесувала 29%, а вкупната смртност за Osmia cornuta варира помеѓу 13,6% и 34,7%, според Агенцијата.
По консултациите и работилниците во кои биле вклучени менаџери за ризик од земјите членки на ЕУ, работната група на ЕФСА предложи четири можни пристапи за дефинирање на специфичните цели за заштита на опрашувачите, а менаџерите сега по објавувањето на извештајот ќе мора да одлучат кој пристап да се користи, односно ќе мора да одлучат што треба да се заштити и во која мера.
Извор: Агротим
