Подземната железница во Сеул секојдневно превезува повеќе од седум милиони патници, но само мал дел од нив знаат дека под станицата Сандго се наоѓа органска подземна фарма, пишува BBC.
Овде, зеленчукот се одгледува во строго контролирани услови. Фармата е обложена со стакло и е осветлена со ЛЕД светла, со напредна контрола на температурата, влажноста на воздухот и нивото на CO2.

За разлика од традиционалните фарми, работата на оваа фарма е лесна и се состои главно од надгледување на автоматизираниот процес.

Резултатот од сето тоа е високопродуктивна фарма која е дури 40 пати по продуктивна од традиционалното земјоделство. Во продавницата што се наоѓа веднаш покрај фармата патниците купуваат свеж зеленчук.

Оваа подземната фарма на станицата Сандго, е првиот од многуте одржливи проекти кои стартап компанијата „Farm8” има намера да ги направи ширум Јужна Кореја.
Компанијата верува дека со овој високотехнолошки зафат во регионите со густа населеност, луѓето ќе имаат пристап до здрава храна преку целата година, ќе трошат помалку за превоз, а со то ќе се намалува и емисијата на СО2.
Извор: agrobiz.hr
