Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од МЗШВ апелираат земјоделците да не чекаат продолжување на рокот, да се пријават за субвенции најкасно до петок
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Од МЗШВ апелираат земјоделците да не чекаат продолжување на рокот, да се пријават за субвенции најкасно до петок
Субвенции

Од МЗШВ апелираат земјоделците да не чекаат продолжување на рокот, да се пријават за субвенции најкасно до петок

Објавено 29/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пријавувањето за субвенциите по програмата за директни плаќања 2020 година завршува за два дена. Добрата организација на Подрачните единици на МЗШВ даде резултат и најголемиот број на земјоделци ги поднесоа апликациите за директната поддршка од Владата. Но сеуште има земјоделски производители кои не се јавиле во Подрачните единици на министерството за земјоделство за да поднесат апликација. Ова особено важи за земјоделците од Општина Куманово.

Од МЗШВ апелираат да не се чека продолжување на рокот, туку до петок сите земјоделци да ги поднесат барањата со цел да продолжи постапката во институциите и крајно земјоделците да ги добијат субвенциите кои им следуваат со закон.

До крајот на оваа недела, односно заклучно со петок (31.07.2020), трае рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година. Во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во  Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во целата држава,  кои им стојат на располагање за се што ги интересира во врска со поднесувањето на барањата. На веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се објавени телефонските броеви на раководителите на сите Подрачни единици на МЗШВ, со цел земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.

Може да ви се допадне

Лазарева на терен во ненајавени контроли со сектор контрола: Сакам лично на терен да видам како се спроведуваат контролите!
АФПЗРР: На 1 049 органски производители, исплатени 61 261 085 денари
Завршни активности за отпочнување на процесот за успешно аплицирање проекти за средства од ИПАРД 3
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Таг:2020пријавувањепрограма
Претходен напис Глобалната штета на туризмот од корона вирусот достигна 320 милијарди долари
Следен напис Спречен увоз на 63 тони пилешко месо од Полска
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?