Виетнам објави дека забранува увоз на диви животни и дека ќе ги затвори пазарите на кои тие се продаваат, бидејќи се стравува од болести кои од животните можат да преминат на луѓето, како што е новиот корона вирус.
Наредбата која на 23 јули ја потпиша премиерот Нгујен Суан Фук забранува секаков увоз на диви животни мртви или живи, вклучувајќи и јајца и ларви. Воведени се строги казни за тоа.
Виетнам беше популарна дестинација за диви животни и производи од нив, често пати и на загрозени видови, бидејќи се користат во традиционалната медицина или во подготовката на егзотични јадења.
Во светот е зголемен надзорот за трговија со диви животни поради здравствените ризици, бидејќи се верува и дека новиот корона вирус од животните поминал на луѓето.
– „Постоењето на многу пазари за диви животни веќе долго време е голем проблем во Виетнам“, изјавил Фуонг Там, директор на виетнамската организација ”Humane Society International“.

”Тој безобразен апетит за диви животни го загрозува опстанокот не само на многу видови, туку, како што видовме и со појавата на пандемијата на корона вирусот, го загрозува животот на луѓето. Значи, забраната е добредојдена, па дури и задоцнета“, изјавил Там.
Стив Галстер, директор на”Freeland“, група која работи на целосна забрана на трговијата со диви живтони, изјавил дека виетнамската држава не е совршена, бидејќи има исклучоци кои ќе овозможат дел од трговијата со диви животни да продолжи, но ова е добар почеток.
Одлуката ја поздрави и владата на Австралија чиј министер за земјоделство Дејвид Литлпрауд изјавил дека тоа е „голема добивка за глобалното јавно здравство” бидејќи Виетнам го намалува ризикот од идни пандемии и покажува на светот како може да се управува.
Австралија, имајќи го тоа во предвид, ќе продолжи да се бори за светски реформи во таа област, изјавил тамошниот министер.
Извор: Beta
