Европскиот комесар за земјоделство Јануш Војчеховски, неодамна изјави дека во рамките на Зелениот план сите земји членки се должни да го намалат уделот на сточарството во земјоделството. Додека Европа се подоготвува да премине на земјоделство кое е CO2 неутрално, одгледувачите на говеда стравуваат дека ги чека иста судбина како рударите. Познато е дека земјоделството е најмногу одговорно за емисијата на штетни гасови, а за најголеми виновници се потенцираат токму сточарите.
„Потрошувачката и производството на говедско во земјите со висока добивка би морале да се намалат за 90% ако сакаме да ги избегниме сега веќе опасните климатски промени и да го задржиме глобалното загревање под 2 степени Целзиусови. Едно истражување покажало дека 1 килограм говетско месо создава 27 килограми штетни гасови, а тоа е двојно повеќе од свинското и три пати повеќе од пилешкото“, порачал научникот од Универзитетот Оксфорд, Марко Спрингман.

Најголема закана за животната средина
Кравите, свињите и овците ја освоија непопуларната титула за најголема закана за животната средина. Сточарството ја уништува почвата, придонесува за зголемување на ефектот на стаклена градина, ги загадува изворите на вода и навлегува во биоразноликоста. Тоа е заклучок на бројни истражувања кои политичарите ги прифатија и ги ставија во борбата против климатските промени.
Иако извештаите укажуваат на тоа дека емисијата на штетни гасови се намалила за една петтина од 1990 година, од Брисел порачуваат дека тоа не е доволно. Загрижувачки е податокот дека од 2012 година се забележува дури и мал пораст. Европскиот комесар за земјоделство Јануш Војчеховски неодамна изјави дека во рамки на Зелениот план сите земји членки се должни да го намалат уделот на сточарството во земјоделството.

– „Верувам дека сточарството од година во година се повеќе ќе пропаѓа. За жал, најмногу ќе страдаат малите стопанства и малите сточари како мене, додека за големите секогаш ќе се најде некој изговор“, изјави загрижено шпанскиот млекар, Роман Сантала.
Исто така, многу одгледувачи сметаат дека оваа индустрија веќе доволно се бори за да стане профитабилна, а бројните прописи и барања константно се кочница во тоа.
Слобода на пасиштата
Стратегијата „Oд нива до трпеза“ постави за цел, до 2030 година дека ќе го намали уделот во користењето на ѓубрива за 20%, а најмногу на она кое се користи за производство на храна за животни. Исто така, ја промовира и исхраната со што помалку црвено и преработено месо.
– „Со радикалното намалување на животните, кое зазема дури 68% од земјоделството, би се направил простор за дополнително одгледување на овошје, зеленчук и протеински култури“, истакнува Спрингман. Тој признава дека се прават обиди да се изнајде метода за одгледување која би им одговарала и на еколозите, но и на самите одгледувачи.
– „Секако треба да се оддалечеме од интензивното производство. Европската комисија фаворизира модел во кој животните се слободни на пасиштата, јадат трева и останати растенија кои самите ќе ги најдат, а не храна полна со пестициди. Трајните пасишта го задржуваат јаглеродот во земјата и тоа е начин на производство кој сакаме да го одржиме и промовираме“, објаснува научникот.

Се повеќе вегетаријанци?
Се повеќе луѓе ширум светот се одлучуваат за намалување на консумацијата на месо и месни преработки во исхраната, а поздравиот живот, климатските промени и правата на животните се само некои од причините.
„Според невладината органзиација “Vegenuary”, во јануари оваа година над 400.000 луѓе ширум светот се одлучиле за бидат вегетаријанци. До 2050 година говедското ќе биде месо кое нема да го јадеме секој ден, па дури и помалку од еднаш неделно. Се повеќе добива на популаризација и месото од лаборатории, а според позитивните коментари тоа во блиска иднина би можело да биде секојдневие за сите нас“, изјави Лаура Велеслеј, научник од лондонскиот институт “Chatham House”.
Меѓутоа има и сточари кои сметаат дека овој сектор има иднина и дека нема да помине како рударите.
– „Мислам дека секогаш ќе има луѓе кои ќе сакаат да јадат месо и да го препознаат неговиот квалитет. Исто така, можеме да направиме се што е во наша моќ за луѓето да не чувствуваат вина кога го јадат“, заклучува еден одгледувач.
Извор: Agroklub
