Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За една недела истекува рокот за аплицирање за „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > За една недела истекува рокот за аплицирање за „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2
Фондови

За една недела истекува рокот за аплицирање за „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2

Објавено 26/07/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува сите заинтересирани за аплицирање за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ дека привршува рокот за доставување на апликации.

– Сите заинтересирани за користење на средства од ИПАРД 2 програмата целокупната документација треба да ја достават во затворен плик со назнака, Не отворај, за Јавен оглас ИПАРД бр 01/2020, директно во писарницата на Агенцијата или пак да ја испратат по препорачана пошта на следната адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. „3-та Македонска бригада“ бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје. Целокупната комплетна документација треба да се достави најдоцна до наредната сабота ( 01- ви август 2020 година), информира Агенцијата.

Според директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски оваа мерка е наменета и нуди можност за реализација на инвестиции во секторите растително, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

– Во овој повик тракторите не се прифатлива инвестиција, посочува Бабовски.

Финансиската поддршка по поединечно барање се доделува како неповратен грант во износ од 60 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 проценти за инвестиции во земјоделски стопанства, управувани од млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

– Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик, изнесува 9.216.693 евра или 568.147.394 денари. Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2, Република Северна Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост, се додава во соопштението на Агенцијата.

Може да ви се допадне

Азески: Успешните примери во бизнисот, наместо пример за младите, кај нас се „сомнителни лица“ кои се правдаат зошто се успешни?!
(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Министерот Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при ЕК, Елизабет Вернер
За “чистите” ИПАРД апликации што веќе се одобрени и се реализираат, најверојатно ќе излезе во пресрет државата и ќе ги поддржи, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски
(ВИДЕО) Запознајте ги најмладите земјоделци, другарите Миле и Мате кои сонуваат да имаат земјоделско стопанство
Таг:ЗемјоделствоИпардмладисеверна македонија
Претходен напис Детална метео анализа за следните денови – еве што точно не очекува
Следен напис Завршни денови на ИПАРД инфо караванот, утре во Зајас и Осломеј
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?