Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ мора да ја унапреди положбата на сезонските работници кои доаѓаат од сиромашните земји
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ мора да ја унапреди положбата на сезонските работници кои доаѓаат од сиромашните земји
Агровести

ЕУ мора да ја унапреди положбата на сезонските работници кои доаѓаат од сиромашните земји

Објавено 23/07/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на пандемијата од корона вирусот, конечно „увезените“ работници на европските земјоделски плантажи станаа видливи. Тие станаа „есенцијална работна сила“. Меѓутоа, шест децении наназад, за нив речиси никој не се грижел.

Според истражувањата на Еуроњуз, на овие работници не посветувало внимание ниту законодавството на ЕУ. Затоа тие останувале без заштита каква што би требало да имаат, овозможена од страна на законите поврзани со работничките права. Според зборовите на Данијел Фројнд, доскорашен парламентарец на ЕП, дури и некои животни се подобро заштитени со закони од работниците кои доаѓаат од сиромашните земји. Тие работат во земјоделството и воглавно берат зеленук и овошје и се грижат за насадите.

Имено, мигрантите кои во ЕУ работат земјоделски работи, не добиваат надомест за прекувремена работа, немаат добри услови за сместување, а многу често работат толку напорно што си го уништуваат сопственото здравје. Тие се подложни на вербални, физички па дури и сексуални злоупотреби. Ако нешто позитивно направи корона кризата во Европа, тоа е дека ја откри нивната состојба.

Сега, кога ги нема доволно за да може земјоделството нормално да функционира, јасно е дека тие се неопходни за производството на храна во ЕУ и дека нивните услови за работа мора да се подобрат.

Условите во кои работат и живеат овие луѓе, благо речено се катастрофални. Во Шпанија, мигрантите кои воедно се и сезонски работници, живеат во стари колиби закрпени со картон, без струја, вода и какви било санитарни услови. Очекувано, не добиваат ниту заштитна опрема како што се маски за лице и ракавици.

И во Франција ситуацијата не е ништо подобра. Таму земјоделците добиваат повеќе стимулативни средства отколку било каде во ЕУ, но повторно не ги обезбедуваат сите работни услови за сезонците.

Во Германија, весниците пишуваат за лошата ситуација во кланиците каде што работат мигранти од сиромашните европски земји. Тие не се соодветно заштитени, па ова гранка од земјоделството е позната по големиот број на заразени од корона вирус.

Токму поради нив, и многуте вакви слични негативни приемри, Европскиот парламент на крајот на јуни усвои резолуција со која би требало подобро да се регулира состојбата и заштитата на сезонските работниците и мигрантите. Пред пандемијата, за нив многу малку се зборувало. Меѓутоа сега се менува регулативата но и се зголемува инспекцискиот надзор.

Европската комисија издаде насоки за тоа како нејзините членки би требало да обезбедуваат почитување на правилата за здравствено и социјално осигурување на овие работници. Овој потег сепак доaѓa во момент кога веќе се чувствува дефицитот на работна сила во земјоделството.

Извор: Agronews

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:еулоши условиплантажиСезонски работницисиромашни земји
Претходен напис Илиевски: ПЕ Битола, Могила и Новаци ќе работат и за време на викенд
Следен напис Во светот и понатаму расте побарувачката за портокали, шпанските и африканските се најбарани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?