На Агрономскиот факултет во Чачак неодамна е претставена многу интересна стручна работа која се занимава со производство на алкохолни пијалоци со додаток на печурки. Авторите, кои работат на Земјоделскиот факултет во Белград и Агрономскиот факултет во Чачак, напрваија нови и како што велат, вкусни пијалоци со додаток на печурки. Колку што може да се заклучи од претставените делови, акцентот на работата е ставен на пивото со печурки, но се експериментирало и со квалитетна препеченица од сливи.
– „Новите пијалоци добиени со расквасување (мацерација) на печурките и тоа на девет различни екстракти од печурката Coriolus versicolor (народски – мисиркин опаш) и пет екстракти од печурката Ganoderma lucidum (вилина лажица), во разни типови на пиво. Овие пијалоци покажаа поголем антиоксативен и антимикробен потенцијал во однос на појдовните пијалоци. По оценка на потрошувачите тие пијалоци се со нов, пријатен и интересен вкус и боја, односно добри сензорни карактеристики“ – се наведува во трудот, во кој уште се тврди дека безалкохолното пиво со додаток на печурката мисиркин опаш би претставувало вистински хит на пазарот.

– „Врз основа на добиените резултати може да се заклучи дека токму безалкохолното пиво со екстракти на печурки е производ кој има најмногу потенцијал на пазарот. Благодарение на чувствителните својства, функционалната вредност, содржината на биоактивни супстанци и проектирана цена на коштање, ова пиво би можело да заземе посебно место на пазарот и тоа не само кај потрошувачите кои се определени за пиво без содржина на алкохол, туку и оние кои бараат производи со дополнителна вредност бидејќи имаат многу моќни чувствителни својства во однос на стандардните производи“ – се истакнува во трудот во кој се наведува и дека за производство на експериментални жестоки пијалоци е земена сливовата препеченица добиена на угледниот имот Радмиловац, познат по врвните ракии.

Истражувањето е претставено во рамките на Меѓународното советување за биотехнологија, ае финансирано во рамките на проектот на Министерството за просвета, наука и образование кое се занимава со развој на нови технологии за производство на биокатализатори и биолошки активни состојки во храната.
Останува да се види дали работата на Миомир Никшиќ, Виктор Недовиќ и Сашо Деспотовиќ од Земјоделскиот факултет во Белград и Јелена Перовиќ од Агрономскиот факултет во Чачак ќе стави печат во насока на практична и комерцијална примена.
Извор: Vino&fino
