Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: И покрај константните спорови, САД e на врвот на листата извозници на свинско месо во Кина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > И покрај константните спорови, САД e на врвот на листата извозници на свинско месо во Кина
АгровестиПазари

И покрај константните спорови, САД e на врвот на листата извозници на свинско месо во Кина

Објавено 22/07/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извозот на свинско месо на САД во Кина порасна за 531% во првите 5 месеци.

Тешко е да се разберат денешните политичко-економски односи во светот. Соединетите држави имале корист од првата фаза на трговскиот договор со Кина во поглед на извозот на свинско месо и покрај постојаниот политички спор помеѓу двете земји.

Податоците на кинеската царина покажуваат дека оваа земја во првите 5 месеци од 2020 година имала увоз од 1,68 милиони тони свинско, што е за 156% повеќе од минатата година.

Најголем дел од увозот бил од САД (333.445) тони, a следуваат Шпанија (300.116 тони) и Германија (239.637 тони)

Меѓу првите 10 земји извознички на свинско месо во Кина се и Бразил (155.818 тони), Данска (151.108 тони), Канада (134.015 тони ), Холандија (126.208 тони), Чиле (57.420 тони), Франција (48.634 тони) и Велика Британија (43,896 тони).

Извозот на свинско месо на кинескиот пазар го зголемиле и Аргентина, Италија, Швајцарија, Костарика и Белгија.

Овогодинешниот извоз на САД во Кина би можел да достигне еден милион тони месо

Извозот на свинско месо од САД во Кина порасна за 531% во првите 5 месеци. Во истиот период од 2019 година, САД се најде на петтото место меѓу главните извозници.  

Главниот аналитичар за трговија со мeсо во кинеското министерство за земјоделство др. Зу Зенгионг, искоментира: „САД имаат корист од првата фаза на трговскиот договор, па оваа година би можеле да го зголемат вкупниот извоз на свиснко и свински отпад на околу еден милион тони“.

Мексико бележи најголем раст на извозот на свинско месо во Кина

За разлика од европските земји кои имаат релативно стабилен ранг на извоз на свинско месо во Кина, се повеќе држави од американскиот континент стануваат се поголеми кинески добавувачи. Мексико во петте месеци од 2020 година во Кина испорачал 34.439 тони свинско месо што е за 1360% повеќе во однос на ланската година и се наоѓа на единаесетто место меѓу извозниците.

-„ Бидејќи производството на кинеско свинско месо се зголемува, а со тоа е заострена и контролата за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, се очекува извозот во Кина да се намали во втората половина на 2020 година и се очекува пад до почетокот на 2021“, вели др Зу.

Увозот во Кина доживува врв, додека домашното производство се зголемува

Во првата половина на 2020 година, увозот на свинско месо во Кина изнесуваше 2,12 милиони тони, што е повеќе од едногодишниот рекорд од 2,11 милиони тони во 2019. Кинеското минситерство за земјоделство очекува дека земјата оваа година ќе увезе дополнителни милион тони свинско за да го обезбеди снабдувањето на домашниот пазар.

Извор: Poljoprivreda.info

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:киналиста на извозницисадсвинско месоувоз на свинско месо
Претходен напис Следните денови покрај топлото време, услови и за локална попладневна нестабилност
Следен напис „Кујна на духови“ – Поим кој го менува лицето на гастро светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?