Иако обилните дождови кои паднаа речиси во цела Германија до некаде го спасија родот, сепак Задругата на земјоделци во оваа земја предвидува пад на производството за 2,6%. Исто така и Франција се подготвува за драстичен пад од 21%.
Според последните податоци, Германските приноси на пченица за 2020 година ќе бидат намалени за 2,6% и ќе изнесуваат 2,46 милиони тони. Ситуацијата би можела да биде и многу полоша но обилниот дожд кој падна во последната фаза од растењето на пченицата, ги подобри очекувањата, тврдат од тамошната Задруга на земјоделци.
Исто така, дождот скоро во сите делови на земјата го спаси и родот на маслодајна репка чии приноси се предвидуваат да изнесуваат 3,21 милиони тони што е зголемување од 13,7% во однос на минатата година.
Жетвата на јачменот за жал е прекината
Но, проблем претставува жетвата на јачменот, а во некои делови и на репата која поради обилните дождови морала да биде прекината.
Според последните предвидувања, посевите на јачмен, кој главно се користи за сточна храна, ќе падне за 5,3% односно ќе изнесува 9,24 милиони тони. Што се однесува до пченката, приносот ќе се зголеми за 19,8% и ќе изнесува 4,38 милиони тони, а причина за тоа е згоелмениот број на засеани површини, посочуваат од Задругата.

Во Франција пад за 21%?
Француското министерство за земјоделство соопшти дека приносите на пченица во земјата ќе се намалат за скоро 21%, а како главна причина ја наведуваат долготрајната пролетна суша и потоа обилниот дожд кој во еден дел им наштетил на посевите.
Ако таквото сценарио навистина се оствари, тогаш би дошло до втори по ред најмали приноси од 2004 година па наваму, кои би биле за 12,4% под просекот од последните пет години, се тврди во извештајот.
Што се однесува до останатите житарици, за јачменот се предвидува род од 12,33 милиони тони што е пад за 10,3% во однос на минатата година, а приносот на маслодајната репка се проценува да биде 3,37 милиони тони, што исто така е пад од 3,7% во однос на ланската сезона.
Извор: Агроклуб
