Денеска, особено во западната половина времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, додека во источните предели ќе биде променливо облачно, локално и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено околу пладне и попладне.
Во западните предели ќе дува западен ветер кој повремено ќе се засилува, во останатите предели и тоа особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сонечво со умерена облачност. Мали се условите за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 26 степени.
Потоа од утре па во следните неколку денови следува стабилно, суво и се потопло време, со значителен пораст на температурите на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, особено на средината од новата недела која што ни претстои.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

