Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со нов проект на ФАО ќе се зајакнува отпорноста на земјоделството кон климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со нов проект на ФАО ќе се зајакнува отпорноста на земјоделството кон климатските промени
Агровести

Со нов проект на ФАО ќе се зајакнува отпорноста на земјоделството кон климатските промени

Објавено 17/07/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на онлајн работилницата организирана од Организацијата на храна и земјоделство при ООН (ФАО) , на којашто се разговараше за Проект за климатски промени „Зголемена отпорност на земјоделскиот сектор преку промовирање на пaметни климатски практики во земјоделството”.

На состанокот беше заклучено дека земјоделството е особено чувствително на екстремни временски услови и катастрофи. Климатските промени предизвикуват големи штети на земјоделското производство и влијаат на руралната егзистенција и сигурноста на храната. Особено ранливи на климатските промени се малите земјоделски стопанства поради нискиот капацитет за адаптација предизвикан од низа фактори меѓу кои ограничена едукација за влијанијата на климатските промени, недостаток на средства за тестирање и демонстрација на адаптивни земјоделски практики, недоволни системи за наводнување во однос на капацитетите и техниките за заштеда на вода, итн.

„ Стратегијата ќе биде насочена кон дијагностицирање на проблемите и дефинирање на концепт на развој и одржливост на хидро мелиоративните системи во Република Северна Македонија во наредните 20 години, а ќе се утврди и потребата од инвестиции во постоечката инфраструктура, како  и градење на нови системи согласно потребите на земјоделското производство. Во Проектот е предвидена поддршка со Управата за хидрометеорлошки работи, која имаше активно учество во претходниот проект, преку кој се поставија три автоматски агро-метеоролошки станици во земјоделските региони во државата и се изработи наменска веб страна agro meteo, “, изјави минисерот Димковски.

На денешна онлајн работилница, ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го најавија започнувањето на нов проект од програмата на ФАО за техничка соработка чија цел е да се зголеми отпорноста на земјоделскиот сектор преку зајакнување на координацијата и капацитетите на институционално ниво, како и преку промовирање на добри земјоделски практики за отпорност кон климатските промени за самите земјоделци.

Во рамки на новиот проект, ФАО ќе му помогне на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да развие нова стратегија за наводнување. Дополнително, ќе се обезбеди техничка поддршка за унапредување на дел од активностите на Управата за хидрометеоролошки работи, подобрување на размената на климатски информации и нивната примена во земјоделството, како и поддршка за други политики како Методологија за штети и загуби во земјоделството како резултат на природни катастрофи. Она што е исто така важно е дека овој проект ќе пилотира нови, климатски паметни технологии на терен со цел да ја приближи нивната примена до земјоделците и другите засегнати страни.

Заменик – регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги,  истакна дека ФАО е долгогодишен партнер на македонската влада и дека овој проект е продолжение на претходни заеднички напори за подобрување на продуктивноста, конкурентноста и отпорноста на македонското земјоделство, меѓу кои зајакнување на системот за следење и рано предупредување за заштита од екстремни временски појави, развој на капацитетите на клучни институции од областа агрометерологија, контрола на штетници и болести кај растенијата и животните, мерки за адаптација на добитокот кон климатските промени, воспоставување агро-еколошки зони и агро-еколошки информативен систем, итн.

Проектот ќе трае 19 месеци и во неговата имплементација ќе бидат вклучени релевантни министерства, институции,  владини агенции, земјоделски здруженија, академијата како и релевантни меѓународни партнери.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:климатски променимзшвнов проектонлајн работилницаТрајан Димковскифао
Претходен напис Десет видеа за развој на домашниот туризам во рамки на кампањата „Дома си е дома”
Следен напис Кога ќе произведеш квалитет, трговците сами те наоѓаат и нудат добра цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?