Краставицата е типичен зеленчук, кој е идеален за одгледувањето на мрежа.
Ова е разбирливо ако се знае дека краставицата има ластари на неговото стебло, кои кога ќе се приближат до некој предмет, брзо се обвиткуваат околу него. Затоа, краставицата може да се одгледува вертикално со помош на потпирач од жица, јаже, летви, итн. Сепак, треба да се напомене дека на овој начин, не можат да се одгледуваат корнишони, туку само краставици за салата. Покрај краставиците во зеленчуковата градина, честопати можеме да видиме дека на ваков начин се одгледува грав, домати, грашок, па дури и лубеници кои можат да се искачат високо.
Пред се, со ваквиот начин на одгледување се прави заштеда на простор. Ова е особено важно во помалите семејни зеленчукови градини каде е важен секој сантиметар слободен простор. Покрај тоа, заради подобриот проток на воздух кај насадите, зеленчукот одгледуван на мрежа има помала изложеност на болести, како што е на пример лошата мувла.
Големите одгледувачи на краставици исто така забележале дека кога растат на мрежа, помала е појавата на горчина кај плодовите, што во голема мера влијае на пазарната вредност на овој зеленчук. Всушност горчината не е болест туку брза реакција на растението на било каква стагнација или недостаток предизвикан за време на вегетацијата. Се дошло до заклучок дека газењето на растението при извршувањето на работите за време на вегетацијата може значително да влијае врз појавата на горчливост каја крставиците. Кога се одгледуваат на мрежа, нема таква опасност, иако влијание може да има и промената на температурата и наводнувањето со ладна вода за време на големите жештини.
На прв поглед можеби ќе се добие впечаток дека поставувањето на мрежите е комплицирана работа, сепак тоа не е така. Мрежите се поставуваат брзо и ефикасно врз соодветна конструкција. Доволно е мрежата да биде висока 80-120 см, а краставиците можат да бидат засадени од двете страни на растојание од 50-60 см. Неопходно е младите стебленца да се врзат, бидејќи кога еднаш ќе се направи шпалир, младите ластари сами ќе се испреплетуваат на поставената мрежа. За многу краток временски период, растението ќе се потпира на мрежата со целата своја тежина, што ќе создаде услови за високи приноси.
Споредено со класичниот метод на одгледување, со помош на мрежите, се постигнува повисок принос дури за 60%, плодовите растат без напади од габични заболувања, опрашувањето на цветовите е побезбедно и асимилацијата (фотосинтезата) се зголемува заради поголемата изложеност на сончева светлина. Покрај тоа, плодовите не се валкаат и целата берба се одвива побрзо и полесно.
Извор: Агропортал

Kade moze da se nabavi mreza za krastavici vo makedonia
Dali nekoj znae kade moze vo mk da se nabavi mreza za kornishoni