Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО и ОЕЦД: Поради пандемијата се очекува „пазарен шок“ кај земјоделските производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО и ОЕЦД: Поради пандемијата се очекува „пазарен шок“ кај земјоделските производи
Агровести

ФАО и ОЕЦД: Поради пандемијата се очекува „пазарен шок“ кај земјоделските производи

Објавено 16/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Огромната понуда и намалената потрошувачка во услови на глобална рецесија се закануваат да предизвикаат „земјотрес“ кај земјоделските производи затоа што цените на храната веќе паѓаат, предупредуваат Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

„Макроекономските шокови предизвикани од пандемијата Ковид-19 се очекува да извршат притисок врз цените на земјоделските производи“, се наведува во денешната заедничка студија на двете организации.

Во документот се додава дека постои потенцијал за „историски силен пазарен шок“ оваа година.

„Економскиот пад како резултат на пандемијата на вирусот може да ја погоди побарувачката за земјоделски производи и да биде активатор за краткорочен пад на цените од историски размери“, посочуваат ФАО и ОЕЦД.

Растителните масла и производите од животинско потекло ќе бидат повеќе изложени на негативните ефекти од кризата отколку земјоделските култури, како оризот и пченицата, се проценува во студијата.

Според проценките на двете организации, цените на земјоделските производи постепено ќе закрепнуваат и ќе се вратат во рамки на основното сценарио на ФАО и ОЕЦД, во кое се предвидуваше нивен мал реален пад во периодот 2020-2029 година.

Цените на месото, особено на свинското, се проценува дека значително ќе паднат во следната деценија со оглед на тоа што пазарот се опоравува од африканската епидемија на свинска треска што десет пати го намали фондот за свињи во Кина и некои други азиски земји, соопштија од ФАО и ОЕЦД. 

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:Земјоделски производинамалена потрошувачкаОЕЦДпазарен шокфао
Претходен напис Позади розевиот трактор по мерка се крие земјоделка со наследена фарма и 200 крави
Следен напис Кога земјоделец предлага брак
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?