Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Туристичките дестинации ги заменија со одмор на село
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Туристичките дестинации ги заменија со одмор на село
АгровестиРурален Развој

Туристичките дестинации ги заменија со одмор на село

Објавено 14/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поголемиот дел од Шпанците, поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, нема да патуваат во странство ова лето. Околу 70% од Шпанците планираат годишниот одмор да го поминат во рурални подрачја или во рамки на својата земја, покажува студијата на порталот за рурален туризам EscapadaRural.com, пренесува Seebiz.

Од 10.000 испитаници, 52% одговориле дека ги промениле плановите поради коронавирусот, па наместо во странство, ќе патуваат во некој дел од Шпанија.

“Не ни беше лесно да го организираме патувањето во Хрватска, но нема смисла да се потрошат толку многу пари на патување каде можеби нема да имаме прилика да ги посетиме сите места поради санитарни мерки… Шпанија сепак има прекрасни села коишто не ги цениме доволно, дури и не знаеме дека постојат. Поради тоа, ова лето одлучивме да одиме на село и да ја запознаеме својата земја“, изјавила 21-годишната Паула Каскан од Барселона, која со месеци штедела пари за да замине на одмор во Сплит, но нејзиниот план пропаднал и го заменила со селото Бенафарсес во кое има 86 жители. Селото е познато по полиња со лаванда и се наоѓа во централниот дел на Шпанија.

Минатата година во Хрватска беа регистрирани 315.000 гости од Шпанија, што е за 8% повеќе во однос на 2018 година. Омилени дестинации на Шпанците во Хрватска им се Дубровник, Загреб, Сплит, Хвар и Плитвички езера.

Извор: бизнисинфо.мк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:одмор на селоселотуризамтуристички дестнацииШпанија
Претходен напис Селскиот туризам во Војводина е во експанзија
Следен напис Земјоделското стопанството на Денис Јуричиќ – една вистинска „Шумска бајка“!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?