МЗШВ ПЕ – Битола ги известува сите земјоделците дека пристигнаа картичките за искористување на мерката „зелена нафта“:
Пристигнаа картичките за сите оние земјоделци, за кои не беа доставени во изминатиот период.
На сите останати замјоделци кои си ги подигнаа и ги искoристија картичките до 30 април, автоматски ќе им биде надополнета сума врз основа на пријавените површини за субвенции за 2019 година.
Оваа година поддршката за оваа мерка е зголемена на 50% од трошоците на земјоделската механизација.
Поради состојбата со COVID -19, и бидејќи е во тек пријавувањето за субвенции, со цел да се избегнат гужви, сите земјоделци кои имаат за подигање картички за зелена нафта, ќе бидат телефонски контактирани и повикани во одредени денови.
