Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија прва од Западен Балкан го заврши техничкиот дијалог со ЕК за „Роаминг како дома“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија прва од Западен Балкан го заврши техничкиот дијалог со ЕК за „Роаминг како дома“
Агровести

Македонија прва од Западен Балкан го заврши техничкиот дијалог со ЕК за „Роаминг како дома“

Објавено 26/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог со Европската комисија за приклучување кон европскиот систем „Роаминг како дома“, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Говорејќи на конференцијата „Индустријата и животната средина: профитот не е единствената цел“, во организација на Стопанската комора, Андоновски рече дека со последната размена меѓу преговарачките тимови на Македонија и Европската комисија се усогласени сите отворени прашања поврзани со текстот на договорот.

– Со Европската комисија го усогласивме текстот на договорот и како прва земја од регионот ја завршивме техничката фаза. Сега сме чекор поблиску до тоа граѓаните да ја почувствуваат оваа придобивка при секое патување во ЕУ“ – истакна Андоновски.

Тој посочи дека воведувањето на системот ќе им овозможи на македонските граѓани при престој во земјите членки на Европската Унија да телефонираат, да испраќаат пораки и да користат мобилен интернет според условите од домашните тарифи, без дополнителни трошоци за роаминг.

- Реклама -
Ad image

На самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржа на 25 ноември во Брисел, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија прва во регионот го завршила техничкиот дел од процесот. Тој изрази очекување дека македонските граѓани набргу ќе може да ги користат мобилните услуги во земјите членки на ЕУ според домашни тарифи, без дополнителни трошоци за роаминг. 

МИА

Може да ви се допадне

Џерковска на „Денови на Вардар 2026“: Одржливото управување со водните ресурси е предуслов за стабилно земјоделско производство
Создавање шуми отпорни на пожари на ниво на предел во Западен Балкан
Одлука по интерен оглас бр. 04/2026 за унапредување на еден (1) административен службеник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
АМСМ: Влажни коловози и изменет режим на сообраќај на неколку патни делници
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година
Таг:Западен БалканМакедонијаРоаминг како доматехничкиот дијалог
Претходен напис До недела претежно облачно со дожд и снег, од понеделник стабилно и студено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?