Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
Агровести

Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне

Објавено 25/11/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кривопоачланчани го откажаа претходно најавен протест против кравите кои слободно шетаат низ градот, откако Владата, вчера донесе одлука системски да се зафати со проблемот.

Со протестот закажан за сабота, во Крива Паланка, кој ќе беше втор, грѓаните  барање итно и трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот.

Граѓаните бараат конкретно постапување од надлежните институции, спроведување на законот и заштита на нивната безбедност и имот.

„Пораката е недвосмислена: потребни се дела, јасни рокови и резултати. Протестот е повик за одговорност и итни мерки со кои ќе се стави крај на опасностите, штетите и неизвесноста со кои се соочуваат жителите“, се вели во повикот. 

- Реклама -
Ad image

Општина Крива Паланка, ја поздравува информацијата за вчерашната одлука на Владата, со која се утврдуваат конкретните задолженија на надлежните државни институции за решавање на долгогодишниот проблем со говедата на територијата на општината.

„По две и пол години аргументирана, упорна и континуирана борба, граѓаните на Крива Паланка се пред победа. Како градоначалник ја поздравувам оваа одлука, со која се потврдуваат нашите досегашни аргументи и ставови во однос на законските надлежности и одговорноста на институциите за решавање на проблемот“, истакнува Митовски.

Со владините задолженија се утврдуваат конкретните обврски на надлежните институции:
– Агенцијата за храна и ветеринарство – заловување и одземање на говедата и носител на
оперативните активности.
– Агенцијата за управување со одземен имот – преземање, транспорт, сместување и
згрижување на одземените говеда.
– Министерството за внатрешни работи – полициска асистенција и обезбедување на
теренските активности.
– Центарот за управување со кризи – оперативна координација.
– Дирекцијата за заштита и спасување – обезбедување на неопходната логистичка, техничка
и кадровска поддршка.
– Бирото за процена – утврдување на вредноста на одземените говеда.

Митовски нагласува дека токму на ваквата распределба на законските надлежности Општина Крива Паланка континуирано укажуваше во изминатите две и пол години.

„Ова е значаен чекор напред, но нашата борба не завршува тука. На институциите ќе им дадеме шанса и простор да го реализираат Акцискиот план и во овој момент ги ставаме во мирување плановите за најавените протести“, информира градоначалникот.

Митовски посочува дека, и покрај прифаќањето на аргументите за надлежностите, остануваат
отворени суштински прашања во однос на динамиката, опфатот и целосната реализација на
предвидените активности.

„Како градоначалник останувам претпазлив, особено поради фактот што во информацијата усвоена од Владата не се утврдени конкретни рокови за донесување на Акцискиот план, ниту за почеток и завршување на теренските активности. Дополнително, предвидената акција ги опфаќа говедата за кои постојат правосилни и извршни решенија за одземање, а останува отворено прашањето за постапувањето со останатите говеда што го создаваат проблемот. Нема ниту одговор на прашањето за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети. На дневна основа активно ќе го следам исполнувањето на секое од задолженијата на надлежните институции. Очекувам конкретни резултати на терен, без дополнително одолговлекување. Ставањето на протестите во мирување е израз на нашата подготвеност да им дадеме простор на институциите да постапат, но во никој случај не значи откажување од нашите барања за целосно и трајно решавање на проблемот“, нагласува Митовски.

„Вистинската победа ќе ја прогласиме тогаш кога нашите граѓани ќе можат безбедно да се движат, кога нивните имоти ќе бидат заштитени и кога ќе престанат штетите со кои секојдневно се соочуваат. Дотогаш, нема отстапување“, порача градоначалникот на Крива Паланка.

Проблемот трае 15 години

Проблемот кој трае со години, повторно ескалира. Пред неколку дена, сопствениците, таткото и двете ќерки, на дел од добитокот, нападнаа жена која сакала да ги избрка кравите од својот имот, при што ногата и беше скршена. 

Претходно, градоначалникот на Општина Крива Паланка, ги повика централните власти да преземат мерки за решавање на состојбата и бараше прогласување кризна состојба од 30 дена. покрај состанокот што го имаа, кризна состојба не беше прогласена, а Агенцијата за храна и ветеринарство залови 96 крави. 

Но, сепак, со оглед на тоа што нивната бројка се движи околу 1.000, проблемот е далеку од надминат. 

Дел од сточарите низ Македонија почнаа да нудат да сместат по 10-20 крави кај себе, но тоа останува на индивидуална добра волја, а правните норми кои и би довеле до разместување на кравите низ цела Македонија, не го регулираат начинот, или пак тоа, сепак, би  одело многу споро. 

Против сопствениците на добитокот има над 100 пријави, Општина Крива Паланка поднесе кривични пријави поради непостапување по решенија за одземање на животните, а граѓаните одржаа протест барајќи спроведување на законот.

Добитокот слободно шета по падините на околните планини, навлегува во нивите на луѓето, ја јаде и гази зелката, а последно крави се шетаа и во дворот на училиштата. 

Министерството за земјоделство, пред неколку дена, по состанокот со градоначалникот на Крива Паланка и претставници од другите надлежни институции, најави прес-конференција, која потоа ја откажа. 

Според локалното население, проблемот трае повеќе од 15 години, а бараат решение што ќе ги заштити и нивните имоти и самиот добиток.

Извор: независен

Може да ви се допадне

Нов протест во Крива Паланка поради неконтролираното движење на добитокот
Список на кандидати пријавени за полагање на ловечки испит за 28.11.2026 година
Фирмите со сметки во Алта банка од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи
AI експерти од „Microsoft“ и „NVIDIA“ во Скопје на конференција за новата ера на вештачката интелигенција
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози на повисоките места во западните делови од државата
Таг:ВладатаКривопаланчанипомогнепротестот
Претходен напис Нов протест во Крива Паланка поради неконтролираното движење на добитокот
Следен напис Од вечерва до недела облачно и студено со врнежи од дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?