Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемен бројот на заболени од грип, минатата недела пријавени 154 случаи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемен бројот на заболени од грип, минатата недела пријавени 154 случаи
Агровести

Зголемен бројот на заболени од грип, минатата недела пријавени 154 случаи

Објавено 20/11/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на 46-тата недела од годинава (од 9 ноември до 15 ноември), пријавени се 154 случаи на грип во државава, што е зголемување од 37,5 отсто (n=112) во однос на претходната 45-та недела. За споредба, во 46-тата недела од минатата сезона, регистрирани беа 117 заболени лица, што претставува зголемување од 31,6 отсто, а во однос на моделот за последните 16 сезони (n=89), се регистрира зголемување од 73,2 отсто, се наведува во извештај објавен на веб страницата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Заболените лица оваа недела се регистрирани во Тетово – 49, Скопје – 38, Куманово – 19, Радовиш – 12, Велес – 8, Гостивар – 7, Прилеп – 5, Струмица – 3, по 2 во Ресен, Неготино, Охрид и Штип и по еден во Гевгелија и Македонски Брод. Во однос на возраста, од 15 до 64 години се регистрирани 102 лица, 22 лица на возраст над 65 години, 16 деца на возраст до четири години и 14 деца на возраст од 5 до 14 години. Оваа недела за првпат во сезоната е надминат прагот на вонсезонска активност (I=7,32/100.000) и се бележи ниска (сезонска) активност на грипот на национално ниво.

Во текот на 46-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнале 64 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за Influenza, SARS-CoV-2 и/или RSV.
Од вкупно тестираните материјали, детектирани се четири позитивни примероци за грип од кои три се Influenza A – несубтипизирани, а еден е Influenza А(H3). Регистрирани се три позитивни резултати за SARS-CoV-2.

Во сезоната 2026/2027 вкупниот број случаи со грип изнесува 609 (I=33,2/100.000). Споредено со истиот период од минатата сезона (n=571), бројот на пријавени случаи е за 6,7 отсто повеќе, а во однос на моделот од последните 16 сезони (n=466) се регистрира зголемување од 30,8 отсто. Кумулативно, заболените се пријавени од 19 центри за јавно здравје/подрачни единици. Најголем број заболени лица (n=198) и највисока кумулативна инциденца (118,6/100.000) се регистрира на територијата на Тетово. Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15 до 64 години) – 438 случаи (71,9 отсто). 

- Реклама -
Ad image

Во текот на 46-та извештајна недела за првпат во сезоната е надминат прагот на вонсезонска активност и се бележи ниска (сезонска) активност на грипот на национално ниво и е достигнат епидемиолошкиот праг на влез во сезоната на грип. 

Вакцинацијата против сезонски грип, како што посочуваат од ИЈЗ, е најефикасна заштита од ова заболување, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи односно постарите лица на возраст над 65 години, деца, лица со хронични болести, бремени жени и здравствени работници. Вакцинацијата во државава почна на 21 октомври и се спроведува во центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици или во здравствените домови. Вакцинацијата на здравствените работници од Скопје се спроведува во Институтот за јавно здравје. Закажувањето за бесплатните вакцини се
одвива преку веб страната www.vakcinacija.mk.

Според податоците од Управата за електронско здравство, заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 25.458 лицa од ризичните категории население со бесплатни вакцини, стои во извештајот на ИЈЗ. 

МИА

Може да ви се допадне

Синдикалната минимална кошница за ноември 70.827 денари
Спречен нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Прес-конференција во МЗШВ за решавањето на проблемот со кравите во Крива Паланка
Делови од Центар без вода поради дефект 
Таг:154 случаигрипзаболениЗголемен бројот
Претходен напис Спречен нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз
Следен напис Синдикалната минимална кошница за ноември 70.827 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?