Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Спречен нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Спречен нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз
Агровести

Спречен нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Објавено 20/11/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз, е спречен од страна на царински службеници од Царинска испостава Скопје 3.

Како што соопшти Царинската управа, случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели.

При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.

-Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла – велат од Царинската управа.

- Реклама -
Ad image

Оттаму потенцираат дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна. 

Царинска управа

Може да ви се допадне

Зголемен бројот на заболени од грип, минатата недела пријавени 154 случаи
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Прес-конференција во МЗШВ за решавањето на проблемот со кравите во Крива Паланка
Делови од Центар без вода поради дефект 
Како до 600.000 евра неповратен грант од ИПАРД за производство на мебел: Нови машини, опрема, објекти
Таг:2.8 тонизабранетанејодирана солСпреченувоз
Претходен напис Кокосови стапчиња со чоколадна глазура (без печење)
Следен напис Зголемен бројот на заболени од грип, минатата недела пријавени 154 случаи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?