Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кокосови стапчиња со чоколадна глазура (без печење)
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Кокосови стапчиња со чоколадна глазура (без печење)
Магазин

Кокосови стапчиња со чоколадна глазура (без печење)

Објавено 20/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овие нежни кокосови стапчиња се вистинско уживање за љубителите на кокос и чоколадо. Со крцкава подлога од какао-бисквити, кремаст фил со маскарпоне и кокос и богата чоколадна глазура, добивате вкусен десерт кој се подготвува без печење.

Потребни состојки за подлогата:

  • 200 г какао-бисквити
  • 110 г растопен путер


За кремот:

  • 2 кесички шлаг-пена во прав
  • 250 г маскарпоне
  • 400 мл кокосово млеко (со најмалку 70% кокос)
  • 50 г кокосово брашно


За чоколадната глазура:

- Реклама -
Ad image
  • 150 г темно чоколадо
  • 100 мл слатка павлака
  • 2 лажици кокосово брашно за декорација


Подготовка:

Какао-бисквитите сомелете ги, додајте го растопениот путер и измешајте додека смесата не се изедначи. Распоредете ја во правоаголен калап обложен со хартија за печење и добро притиснете за да добиете компактна подлога. Кокосовото млеко измешајте го со жица за матење. Во него додајте ја шлаг-пената во прав и матете според упатството на производителот, додека добиете цврст крем. Додајте го маскарпонето и кокосовото брашно, па кратко измешајте со миксер. Кремот распоредете го врз подлогата од бисквити, израмнете и ставете го калапот во фрижидер околу 30 минути.

За глазурата, ситно исечкајте го чоколадото. Слатката павлака загрејте ја до пред зовривање, прелијте ја врз чоколадото и мешајте додека целосно се растопи и добиете мазна глазура. Прелијте ја глазурата врз изладениот крем и вратете го десертот во фрижидер уште 2–3 часа, за убаво да се стегне. Потоа извадете го од калапот и исечете го на еднакви стапчиња. Декорирајте со кокосово брашно.

Совет:

Ако кокосовото млеко е многу густо, кратко загрејте го за полесно да се измеша, а потоа целосно изладете го пред употреба.

МИА

Може да ви се допадне

Јапонското јаболко е здраво и благотворно, но треба да се внесува умерено и внимателно
Вкусни полнети јајца
Крцкави ќофтиња од компир
Вариво со брокула
Грав со суви ребра
Таг:без печењеКокосови стапчињачоколадна глазура
Претходен напис Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Скопје – Зајчев Рид и Петровец
Следен напис Спречен нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?