Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 19.11.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 19.11.2026 година
АгровестиАгропрогноза

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 19.11.2026 година

Објавено 19/11/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатиот период со променливо време и повремени врнежи одржува оптимална влага во површинскиот и подлабоките почвени слоеви, што е клучно за есенските посеви и повеќегодишните насади. Во најголемата житница, Пелагонија, есенската сеидба е во завршна фаза и сè уште се довршува на преостанатите површини, додека порано посеаните житни култури (пченица и јачмен) се во фаза на никнување и почетен вегетативен развој. Освен почвената влага, за успешно ‘ртење на семето големо влијание има и температурата, при што поникнувањето кај житата вообичаено трае од 5 до 35 дена во зависност од температурните услови.

Според најновата прогноза, во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење, сè до крајот на седмицата ќе преовладува релативно топло време со температури значително над просекот за овој период од годината. Иако ваквите температури краткотрајно го забрзуваат никнувањето на подоцна посеаните жита, продолжениот топол бран го одложува природниот процес на калење кај посевите и влегувањето на овошките во длабоко зимско мирување, што ги прави почувствителни на евентуални нагли заладувања. Дополнително, комбинацијата од топло време и висока влажност ја продолжува активноста на штетниците (лисни вошки, и полски глодари) и создава идеални услови за развој на растителни болести кај житата и градинарските култури.

Во лозарството, виновата лоза се наоѓа во фаза на подготовка за зимски одмор, која трае од полната зрелост сè до опаѓањето на листовите. Сè додека листовите се присутни, тие продолжуваат со фотосинтетска активност, а растението интензивно ги созрева ластарите, ги диференцира окцата и складира резервни хранливи материи потребни за следната вегетација. Најавените повремени врнежи дополнително ја зголемуваат зимската резерва на влага во подлабоките слоеви, што е одлично за овошните и лозовите насади. Како најкритичен фактор во претстојниот период се издвојува најавата за умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен југозападен ветер со брзина над 80 km/h. Овој ветер претставува сериозен ризик за заштитените простори (пластеници и оранжерии), како и за младите овошни и лозови насади каде може да предизвика механички оштетувања.

Препораки до земјоделските производители:

- Реклама -
Ad image

Итна заштита од силен ветер: Поради најавениот силен југозападен ветер (над 80 km/h, особено во западните делови), се препорачува итна проверка и дополнително зацврстување на конструкциите и фолиите на пластениците, како и контрола на потпорните столбови и жици кај младите овошни и лозови насади.

Контрола на штетници, болести и микроклима: Поради натпросечно топлото и влажно време, се препорачува редовен преглед на есенските жита за присуство на лисни вошки, и глодари, како и превентивна заштита од габични заболувања. Во пластениците е неопходно редовно проветрување во најтоплиот дел од денот.

Поледелство: Земјоделците кои сè уште не ја завршиле есенската сеидба треба да ги искористат сувите периоди меѓу локалните врнежи за финализирање на сеидбените работи, имајќи предвид дека високите температури за овој период сè уште овозможуваат брзо никнување.

Овоштарство и лозарство: Во интервалите без врнежи може да се продолжи со есенското основно ѓубрење, обработка на почвата (каде што дозволува влажноста) и садење на нови овошни и лозови садници.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

МЕМО воведува тргување со негативни цени и ги усогласува ценовните прагови со европските берзи на електрична енергија
АХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози
Во Штип саниран и вториот дефект на главната водоводна линија, високите зони постепено добиваат вода за пиење
Сезонскиот карактер на пожарите на ниво на предел во Западен Балкан
Делови од Кисела Вода, Петровец, Сопиште без струја
Таг:агрометеоролошка прогнозакултуриСостојба
Претходен напис АХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози
Следен напис МЕМО воведува тргување со негативни цени и ги усогласува ценовните прагови со европските берзи на електрична енергија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?