Во Холандија земјоделците веќе со месеци протестираат поради новата одлука според која од септември ќе мораат да ги намалат протеините во храната за стоката, со што би се намалила емисија на азот. Тоа не им оди во прилог бидејќи тогаш кравите би давале помалку млеко, а им смета и тоа што тамошната министерката му дава предност на градежништвото.

Холандската полиција уапси околу 50 земјоделци кои со трактори го блокираа сообраќајот во знак на протест против новите правила за загадување на околината за која тврдат дека им ја загрозуваат егзистенцијата. Тие го блокираа влезот во компанијата Atter која се занимава со складирање на отпад и се наоѓа во градот Вијстер на северот на земјата. Тамошните медиуми наведуваат дека притворените земјоделци ги чека казна од 390 евра поради блокирање на патот.
Земјоделците протестираат со месеци
Ова не е прв таков протест во Холандија. Земјоделците во некои делови на земјата, веќе со месеци се организираат против прописите за кои велат дека ќе го уништат нивниот деловен модел и ќе ја загрозат благосостојбата на нивното сточарство. Поединци предизвикаа големи сообраќајни гужви полека возејќи трактори низ градските сообраќајници. Властите во трите северни провинции Дренте, Гронинген и Фризленд забранија протести кои вклучуваат земјоделски машини и трактори откако фармерите го блокираа дистрибутивниот центар на еден супермаркет.

Последниот протест е одржан поради владините планови за ограничување на количината на протеини во храната за крави. Со таквата одлука се тежнее да се намали емисијата на азот.
Градежништвото пред земјоделството?
За што всушност станува збор?
Холандија мора да ја намали емисијата на азот, бидејќи мината година е утврдено дека ги крши правилата на ЕУ за загадување со реактивен азот. Од тогаш воведоа одредени мерки за да ја намали неговата емисија, а една од нив е ограничување на брзината на возилата на 100 км/ч. Но, тоа не е доволно. Затоа се во план и други мерки, кои не се однесуваат не само на земјоделството туку и на градежништвото.
Имено, за време на проценката на дозволите за градежни проекти утврдено е поголемо солободување на азот, а кое не е во склад со прописите на ЕУ. Резултатот од тоа е запирање на илјадници градежни проекти што го зголеми ризикот дека владата нема да обезбеди годишна изградба на 75.000 нови домови,а со тоа во прашање се доведува и изградбата на патишта.

Она што најмногу им смета на фармерите е тоа што нивната минситерка за земјоделство, Карола Шоутен со мерката за намалување на протеините во храната за стоката сака да ја намали емисијата на азот, бидејќи, како што вели таа, должна е да овозможи реализација на проекти за изградба на куќи и патишта.
Тоа би значело, или градежништво или земјоделство!? Една од овие две области мора да го намали азотот. Министерката одлучила да даде преднсот на градежништвото, со што ги разлутила фармерите кои од септември ќе мораат да се придржуваат кон новата одлука за намалување на протеините во храната за стоката.
Кој ќе ги контролира сточарите?
Стручњаците сметаат дека помалата брзина на автомобилите е најбрз начин со кој владата може да го превземе како мерка против вишокот на азот, но тоа нема да има толку големо влијание како што би било намалувањето на количината на амонијак кој го произведуваат кравите.
Исто така мислат дека влијанието за намалување на овој елемент ќе биде три пати поголемо ако сточарите соработуваат и ги намалат количините на протеини во храната за животни за да обезбедат максимално производство на млеко. Истовремено, ограничувањето на белковини во храната создава и дополнителен проблем за следење па се поставува прашањето кој ќе проверува дали уделот на протеини во сточната храната е воопшто намален?
Извор: Agroclub
