Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена
Агровести

Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена

Објавено 14/11/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Есенската сеидба е при крај, условите се идеални, но загрижува намалениот број површини засеани со лебното зрно. За 15 до 20 проценти годинава се намалуваат површините со пченица, а главната причина е – ниската откупна цена од 9 до 10 денари за килограм. 

-Есенската сеидба е при крај. Сега условите се одлични, има доволно влага во почвата и според роковите ќе заврши сеидбата на пченицата, јачменот и на ржта. Поголемите производители со повеќе механизација веќе ги завршија сеидбените работи. Ги има сите услови за да имаме квалитетна сеидба. Во однос на лани, секако дека ќе имаме намалување на површините под пченица за 15-тина проценти, а причината е единствена: ниските откупни цени годинава кои се движеа од 9,50 до 10 денари за килограм пченица. Се надеваме дека тоа нема да се повтори уште една година за да не дојдеме до ситуација за да немаме доволно жито и производителите да се откажат од таа култура. Тоа е сериозна планирана инвестиција и производство кое мора да го имаме во државата и да не зависиме стопроцентно од увоз, вели Горан Томески советник – агроном во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Прилеп. 

Во тек се подготовките на програмите за идната година во земјоделството.

-Сега е во тек изработката на програмите за житните култури за наредната година и сигурно во Министерството за земјоделство се размислува за тоа. Да се надеваме дека со поддршката преку министерството со тие наречени субвенции дека состојбата ќе се врати во нормални текови. Државата субвенционира при употреба на сертифициран семенски материјал и за остварен принос од 3000 килограми од хектар. Ние поддржуваме употреба на квалитетен семенски материјал за да се постигнат повисоки приноси, објаснува Томески.

- Реклама -
Ad image

Со ниска откупна цена, без консултација со надлежното министерство, производството на пченица за земјоделците стана неисплатливо. Државата треба да има стратегија и да интервенира во разликата меѓу откупната и реалната цена. Интервентниот фонд годинава не беше од помош. 

-Со откупна цена од 10 денари за килограм не е доволна ние како земјоделци  да размислуваме за да го зголемиме производството. Традиционално, ќе продолжиме да произведуваме пченица, но, за жал, не е добро тоа што се намалуваат површините. Имаме одлични услови за производство, еве сега се добри условите во есенската сеидба, но со резерва работиме зашто не знаеме што ќе се случува со пченицата. Влегуваме во трошоци, а не знаеме со која цена ќе излезат откупувачите, а Министерството за земјоделство во тоа не сака да се меша. Не бараме којзнае што, но разликата од откупната цена ако е ниска и до реалната, треба да ја покрие државата за да имаме стимул за понатамошно производство на лебното зрно. Интервентниот фонд работеше изминатите години, но годинава не работи и немаме ниту еден денар од него. За тоа се интервентниот фонд и државата да не стимулираат  нас како производители на пченица, вели Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

И од Министерството потврдуваат намален број на површините со лебно зрно. Според Катерина Мојсоска од подрачната единица на Министерството за земјодество од Прилеп, има субвенции. 

-Со неофицијалните податоци со кои располагаме од 2025 година, со претходно пријавени површини за субвенции, во Прилепскиот дел од Пелагонија ќе се посеат 5 200  хектари, од нив 4 200 хектари со пченица, јачменот е на 900 и со рж имаме 20 хектари. Пченицата ни е многу битна, но се очекува за 5 до 10 проценти од површините да бидат намалени под пченица.  На ова може да има влијание и цената на пченицата. Производството на пченица се субвенционира преку квалитетниот семенски материјал со што се добиваат повисоки приноси и државата помага во дел од трошоците. На производителите им следува и картичка за зелена нафта, вели Мојсоска.

Годишното производство на пченица во Македонија е околу 240 000, од потребните преку 300 000 тони лебно зрно. 

МИА

Може да ви се допадне

Скопје ќе биде домаќин на првиот форум за енергетска дипломатија – обновливи извори, зелени инвестиции и жените во енергетиката
АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
Без вода дел од Центар поради уличен дефект
Саем на домашна храна „Вкуси ја традицијата“
Таг:Есенската сеидбаниската откупна ценаПрилепскопченица
Претходен напис АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
Следен напис Скопје ќе биде домаќин на првиот форум за енергетска дипломатија – обновливи извори, зелени инвестиции и жените во енергетиката
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?