Меки, воздушести и мирисни, со нежна златна коричка и шеќер во прав. Класични домашни крофни на кои тешко им се одолева, особено додека се топли и свежо испржени.
Потребни состојки:
- 1 кг брашно
- 400 мл млеко
- 3 јајца
- 200 мл масло
- 200 г шеќер
- 40 г свеж квасец
- 1 кесичка ванилин шеќер
- Шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Квасецот се раствора во малку млако млеко со лажичка шеќер и се остава да се активира. Во длабок сад се става брашното, се додаваат јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер, маслото, преостанатото млеко и стасаниот квасец. Се замесува меко и мазно тесто, се покрива и се остава на топло околу 30 минути да нарасне.
Стасаното тесто се расукува во кора со дебелина од околу 1,5 см. Со чаша се вадат крофни и се редат врз набрашнета крпа. Се покриваат и се оставаат повторно да стасаат. Крофните се пржат во загреано масло, на умерена температура, од двете страни додека добијат убава златна боја.
Готовите крофни се редат врз кујнска хартија, а потоа се посипуваат со шеќер во прав. По желба, може да се прелеат и со чоколадо.
Маслото не треба да биде премногу жешко за крофните да можат убаво да се испржат и внатре, без да потемнат пребрзо однадвор.
МИА

