Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемена продажбата на маслиново масло, а намалена потрошувачката на вино во земјите на ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Зголемена продажбата на маслиново масло, а намалена потрошувачката на вино во земјите на ЕУ
АгровестПазари

Зголемена продажбата на маслиново масло, а намалена потрошувачката на вино во земјите на ЕУ

Објавено 09/07/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производството на маслиново масло во ЕУ е намалена за 4% во споредба со просек од последните пет години. Мерките за изолација поради пандемијата од корана вирусот, придонесоа за зголемување на продажбата на мало и негово зголемено користење во прехранбената индустрија, но се очекува дека несигурноста околу летната сезона 2020 дополнително ќе придонесе за зголеување на побарувачка. Општо гледано, потрошувачката во ЕУ би можела да расте и понатаму за околу 6%, а во 2020 година производството на маслиново масло би требало да се зголеми и да достигне 2,3 милиони тони, што е за 20% повеќе во однос на минатата година.

За разлика од маслиновото масло, се очекува дека потрошувачката на вино ќе се намали за 7% поради корона вирусот, додека пак производството за други намени како што се вински оцет и ракија, се зголемило за 33%. За тоа значително придонесоа посебните мерки кои Европската Комисијата ги предложи за време на кризата. Извозот на вино се намали за 7%, а увозот исто така се намали за 8%.

Производството на домати го надополни Полска?

Што се однесува до секторот овошје и зеленчук, цената на јаболката последните месеци била многу висока поради малите приноси и големата побарувачка во текот на пандемијата. За праските и нектарините се очекува рекордно ниско производство од 3,1 милиони тони, поради неповолните временски услови и ниските откупни цени, а високите трошоци за производство. Тоа ќе влиаје на нивната цена која веќе е зголемена за 19 % во првите седум недели од сезоната, споредено со истиот период од минатата година. Производството на доматите би требало да остане стабилно, бидејќи намаленото производството во Шпанија е надополнето со растот на производството во Полска. Истовремено, потрошувачката на домати во ЕУ годинава, бележи благ пад од 1%.

Количините на млеко, поголеми од очекуваните

Количините на откупено млеко оваа година би можеле да бидат околу 144 милиони тони, односно 0,7 % повеќе отколку минатата година, а тоа е повеќе отколку што беше предвидено во текот на пролетта. Тоа е благодарение на добрите изгледи за добар квалитет на пасиштата во текот на пролетта и летото и поголемата достапност на храната. За овој раст најмногу придонесуваат Германија, Италија, Шпанија и Холандија.

Со големената побарувачка на сирење во малородажните места, ЕУ би можела да ги надополни загубите направени од страна на прехранбените услуги.

Жителите на ЕУ консумираат се помалку месо?

Се очекува дека прооизводството на говедско месо ќе се намали за 1,7% како последица на намалената побаарувачка во текот на пандемијата. Исто така забележано е и намалување на стадата и рано колење, уште кога говедата беа со помала тежина, поради недостапнаоста на храна во текот на сушната пролет. Производството на живина исто така опаѓа и тоа за 2% , со што овој сектор се прилагодува на помала побарувачка и пониските цени.

Производството на свинско месо би требало да се зголеми за 0,5% поради поволните цени, зголемената побарувачка и одличните изгледи за извоз во Кина. Се очекува дека производството на овчко и козјо месо ќе се намали а 1,5%.

Или севкупно гледано, поради намалувањето на побарувачката во текот на кризата , како и ограничената достапност од ЕУ која не е надополнета со увоз, ќе доведе до намалување на потрошувачката на месо за 2,5% или ќе изнесува 65,4 килограми по глава на жител во 2020 година.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Таг:виноеумалопродажбамаслиново маслоовошје и зеленчукпотрошувачкахрана
Претходен напис Денеска сончево и топло, за викендот нова локална попладневна нестабилност
Следен напис Продор на посвеж воздух кај нас од недела попладне и кон крајот на денот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?