Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа на регионалната тркалезна маса за шумите во Струга: Заштитата на шумите и прекуграничната соработка се заедничка одговорност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа на регионалната тркалезна маса за шумите во Струга: Заштитата на шумите и прекуграничната соработка се заедничка одговорност
Агровести

Хоџа на регионалната тркалезна маса за шумите во Струга: Заштитата на шумите и прекуграничната соработка се заедничка одговорност

Објавено 11/11/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, учествуваше и имаше поздравно обраќање на регионалната експертска тркалезна маса „Интегрирано управување со шумите на Западен Балкан: Научени лекции, предизвици и насоки за иднината“, организирана во Струга од ЦНВП и ИЦЕП, со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој (АДА).

Настанот обедини претставници на институциите од Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, експерти од областа на шумарството, претставници на меѓународни организации, научни институции и локални заедници, со цел размена на искуства и разгледување на заедничките предизвици во управувањето со шумските ресурси.

Во своето обраќање, заменик-министерот Хоџа ја нагласи важноста на заедничкиот пристап во заштитата на шумските екосистеми, особено во прекуграничните подрачја како што е сливот на реката Дрим.

„Не е случајно што за оваа дискусија сме собрани токму во Струга, каде што Црн Дрим го започнува својот тек од Охридското Езеро. Дрим нè потсетува дека природата не познава граници. Нашите шуми, води и екосистеми се меѓусебно поврзани, па затоа и одговорноста за нивната заштита мора да биде заедничка“, истакна Хоџа.

- Реклама -
Ad image

Осврнувајќи се на приоритетите на Министерството, тој го нагласи ангажманот за модернизација на шумарскиот сектор, дигитализација и подобрување на системите за мониторинг на шумите, унапредување на законската рамка во согласност со европските стандарди, како и зајакнување на мерките за превенција од шумски пожари.

Во таа насока, Министерството работи и на подготовка на стратешка визија за развој на шумарството во следните две децении, со акцент на подобро управување со шумските ресурси, заштита на биолошката разновидност и зголемување на отпорноста кон климатските промени.

Значаен дел од настанот беше посветен на резултатите и искуствата од четиригодишниот регионален проект „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“, кој го спроведуваат ЦНВП во Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, во партнерство со ИЦЕП, со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој.

Проектот е насочен кон подобрување на интегрираното управување со шумите, обновување на шумските екосистеми, зачувување на биолошката разновидност, приспособување кон климатските промени и создавање нови економски можности за руралните заедници.

Во рамките на тркалезната маса се разгледуваа научените лекции од спроведувањето на проектот, институционалните и практичните предизвици во шумарството, како и можностите за нови заеднички иницијативи. Посебно внимание беше посветено на улогата на локалните заедници, сопствениците и корисниците на шуми, јавните институции и приватниот сектор во заштитата и управувањето со природните ресурси.

„Завршувањето на еден проект не треба да значи и завршување на соработката. Искуствата и партнерствата изградени во изминатите четири години треба да послужат како основа за нови иницијативи и конкретни резултати на терен“, порача заменик-министерот Хоџа.

На настанот учествуваа и претставникот на Австриската агенција за развој, Давид Мукенхубер, директорот на ЦНВП Северна Македонија, Нехат Рамадани, градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, заменик-министерката за животна средина на Албанија, Елда Џумари, како и институционални претставници од Косово и Црна Гора.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со активностите за модернизација на шумарскиот сектор и зајакнување на регионалната и меѓународната соработка, со цел подобра заштита, одговорно управување и долгорочно зачувување на шумските и природните ресурси.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Саем за вино по осми пат на 12 декември во Кавадарци 
ЕУ договори буџет од 199,7 милијарди евра за 2027 година, најмногу пари за економски развој, земјоделство и животна средина
Европската комисија предупредува: Недостигаат кадри во Државниот завод за статистика, се доведува во прашање пописот на земјоделството
Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година
Малите семејни винарии – потенцијал за развој и квалитет на македонското вино
Таг:Стругатркалезна масаХоџашумите
Претходен напис ЕУ договори буџет од 199,7 милијарди евра за 2027 година, најмногу пари за економски развој, земјоделство и животна средина
Следен напис Саем за вино по осми пат на 12 декември во Кавадарци 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?