Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ договори буџет од 199,7 милијарди евра за 2027 година, најмногу пари за економски развој, земјоделство и животна средина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ договори буџет од 199,7 милијарди евра за 2027 година, најмногу пари за економски развој, земјоделство и животна средина
АгровестиЕУ

ЕУ договори буџет од 199,7 милијарди евра за 2027 година, најмногу пари за економски развој, земјоделство и животна средина

Објавено 11/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европскиот парламент и Советот на Европската Унија постигнаа договор за годишниот буџет за 2027 година, кој предвидува 199,7 милијарди евра обврски за финансирање и 211,5 милијарди евра реални исплати. Ова е последниот годишен буџет во рамките на седумгодишната финансиска рамка за периодот 2021–2027 година. Европската Унија ќе располага со буџет од речиси 200 милијарди евра во 2027 година, откако преговарачите на Европскиот парламент и земјите членки постигнаа договор за распределбата на средствата за следната година, информира Слободен печат.

Со договорот се предвидени 199,7 милијарди евра за преземање финансиски обврски и 211,5 милијарди евра за исплати. Разликата произлегува од тоа што обврските се однесуваат на средствата што ЕУ може да ги договори за финансирање на проекти и програми, додека исплатите ги опфаќаат парите што реално ќе бидат исплатени во текот на годината за обврски од тековниот и претходните периоди. Буџетот за 2027 година е последниот во актуелната Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021–2027 година, чија вкупна вредност е околу 1,1 трилион евра

Според договорот, средствата ќе бидат насочени кон клучните европски приоритети, меѓу кои економскиот развој, земјоделството, одбраната, безбедноста, управувањето со миграцијата, истражувањето и иновациите, како и поддршката за Украина.

Каде ќе се распределат парите?

Најголем дел од буџетот ќе биде наменет за кохезија, отпорност и европски вредности, за што се предвидени околу 75,8 милијарди евра. За природни ресурси и животна средина се издвоени 57,1 милијарди евра, во кои влегува и финансирањето на земјоделството и директните плаќања. За единствениот пазар, иновациите и дигитализацијата се предвидени околу 22 милијарди евра, додека за соседството и меѓународната соработка се планирани 15,5 милијарди евра.

- Реклама -
Ad image

Постигнатиот договор сега треба формално да го одобрат Советот на Европската Унија и Европскиот парламент. За тоа имаат рок од 14 дена, а гласањето во Европскиот парламент е планирано за 24 ноември.

Со усвојувањето на буџетот за 2027 година, ЕУ ќе ја заокружи последната година од актуелната седумгодишна финансиска рамка, пред почетокот на новиот буџетски период 2028–2034 година.

Извор – Слободен печат

Може да ви се допадне

Саем за вино по осми пат на 12 декември во Кавадарци 
Хоџа на регионалната тркалезна маса за шумите во Струга: Заштитата на шумите и прекуграничната соработка се заедничка одговорност
Европската комисија предупредува: Недостигаат кадри во Државниот завод за статистика, се доведува во прашање пописот на земјоделството
Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година
Малите семејни винарии – потенцијал за развој и квалитет на македонското вино
Таг:буџетеуземјоделство
Претходен напис Европската комисија предупредува: Недостигаат кадри во Државниот завод за статистика, се доведува во прашање пописот на земјоделството
Следен напис Хоџа на регионалната тркалезна маса за шумите во Струга: Заштитата на шумите и прекуграничната соработка се заедничка одговорност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?